ДЕВЕТТИОТ ЖИВОТ НА ПРИНЦОТ НА МАЧКИТЕ – Дора Гимеши и Каталин Сегеди

Превод: Златко Панзов

Нарација: Марија Каева

НАСКОРО!

ЗНАЕШ ЛИ дека стариот чинар во Градскиот парк, всушност, се вика г-ѓа Завоцка и дека е вдовица? Можно е дури и да почне да раскажува за љубовта на Камениот принц и Водната самовила, љубовта што го запрела времето во Будимпешта и сета ја исполнила со среќа. Но, не само дрвјата во Градскиот парк туку и оние на брегот од Тиса знаат да раскажуваат за многу нешта: за Пролетната самовила и Принцот на мачките, за чесната и ветрогонот кои, и покрај сите неволи, сепак ги поврзува некој невидлив конец што ни смртта не може да го скине.

Како што се спојуваат љубовниците, така во бајките на Дора Гимеши и во илустрациите на Каталин Сегеди се спојуваат хуморот и емоциите, светот на секојдневието и светот на лирската имагинација.

Препорачано за сите од седум години, па нагоре, за тинејџери и тинејџерки, дури и за возрасни кои си дозволуваат да бидат понесени од силата на бајките и многуте лица на љубовта.


Возраст: 7+


Дора Гимеши – „Деветтиот живот на принцот на мачките“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Илустрации: Каталин Сегеди

Нарација: Марија Каева

Превод од унгарски јазик: Златко Панзов

Категорија/жанр: илустрирани бајки за деца

Едиција: YES – Млади европски приказни

Број на страници: 56

ИСБН: 978-608-4673-27-9