КАДЕ Е МОЈОТ ДОМ – Сезен Аксу Ташјурек

Превод: Васко Марковски

НАСКОРО!

„Земјата некогаш била најубавата планета во Вселената, со широко, чисто, сино небо над неа, со бескрајно зеленило распослано по нејзината површина. Но, со време сè се сменило. Синилото на небото и зеленилото на нејзината површина веќе не биле како некогаш.“

Пред нас е приказната за светот кој се менува под влијание на луѓето кои немаат свест за околината и за добродушната верверичка која ќе остане без својот дом.

Еден од најубавите начини како да им помогнеме на дечињата од претшколска возраст да ја стекнат свесноста за околината, токму кога почнуваат да го откриваат светот, е да прочитаат убава книга.

„Каде е мојот дом?“ од турската писателка и илустраторка Сезен Аксу Ташјурек, во превод на Васко Марковски, е книга што ќе се чита токму од таа причина.

„На најубавата планета во светот и на сите живи суштества што живеат на неа…“


Возраст: 4+


Сезен Аксу Ташјурек – „Каде е мојот дом?“

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Илустрации: Сезен Аксу Ташјурек

Превод: Васко Марковски

Категорија/жанр: Сликовница

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Број на страници: 52

ИСБН: 978-608-4673-09-5