Пајо Авировиќ

Пајо Авировиќ е роден во Скопје во 1966 година. Дипломирал ориентална филологија во Сараево и работел на универзитетите во Сараево и во Белград. Бил постојан соработник на неделникот „Пулс“.

Од 1997 година е во македонската дипломатска служба, каде што извршува повеќе одговорни функции, во МНР и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Службувал во Париз, Њујорк и Тел Авив.

Автор е на романот „Џахиз и истребувачите на кучиња“ за кој ја добива наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2005 година. „На погрешната страна“ е негова втора книга и прва збирка поезија.

Response

  1. Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ | Чудна шума Avatar

    […] „На погрешната страна“ од Пајо Авировиќ, првото издание на малата независна издавачка куќа […]

    Ми се допаѓа

Напиши одговор на Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ | Чудна шума Откажи одговор