Б&Б

Поезијата на Авировиќ е универзална, разбирлива на сите меридијани. Од друга страна, таа е длабоко национална, потекната од оваа почва и од овој воздух. Имено, отсликувајќи го она што ни се случува, Пајо Авировиќ всушност го отсликува групниот карактер на луѓето што живеат тука, неговото проклетство и неговата исконска судбина.

Sвездан Георгиевски, рецензент

„Б&Б – вивисекција на едно време“ е трето книжевно дело на Пајо Авировиќ, а втора збирка поезија.


Б&Б од Пајо Авировиќ

цена: 200 ден.


Онлајн нарачки:


Велите: тој голем носталгичар
Плаче по минатото
Не сме се разбрале
Глупаво е да жалиш за минатите времиња
За нешто што било и не може да се врати
Јас всушност жалам за идните времиња
Оние за кои нема кој да жали

Пајо Авировиќ – „Б&Б“

Илустрација на корица: Зоран Кардула

Категорија/жанр: Поезија

Едиција: Корија

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 88

ИСБН: 978-608-4938-00-2

Година на издавање: 2020

Напишете коментар