од Владимир Мартиновски

Белка, Шарка и Милка Се најмузикалните крави: Милка зад ограда ѕирка Со опаш кругови прави А и двојно млеко ни дава Кога добро се пее на слава. Кога некој свири за петка Белка највесело се шетка. Потскокнува во точен такт Со песната прави траен пакт. Шарка е најмногу по пеењето: Среде сезоната на жнеењето Додека сеното го џвака гласно Знае на сет глас да замука страсно. Од сите хитови летни со слогот „му” Таа верзии прави кои се вистински бум. Се зборува веќе дека нашата штала Може да стане музичка школа мала: Милка ќе предава солфеж, Белка – балет А Шарка соло пеење за кравички со талент.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, наскоро во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: