28 ДЕНА ОД ЖИВОТОТ НА БУРУНДУК
28 ДЕНА ОД ЖИВОТОТ НА БУРУНДУК
SKU:Шифра: 2531422215
In stock
Couldn't load pickup availability
28 ДЕНА ОД ЖИВОТОТ НА БУРУНДУК
Романи за деца и млади, 11+ години
|
Кога соучениците те нарекуваат Бурундук и ти се потсмеваат зашто не умееш да скокаш преку јарец и да се искачуваш по јаже, тогаш ти е толку лошо во душата, што си подготвен на што било, само да им докажеш на сите кој е навистина Ивас Бондарук. Дури и на тоа да си излегнеш џебно ѓаволче! Повеста на Иван Андрусјак со илустрации на Гана Осадко „Осум дена од животот на Бурундук“ е едно од најпрочуените дела во современата украинска книжевност за помлади тинејџери. Во 2013 година таа влезе во престижниот каталог на најдобри детски книги во светот “White Ravens” („Бели гаврани“). Заедно со неа во оваа книга ти ќе прочиташ за авантурите на овој омилен херој. Тој ќе ја открива тајната на страшните чекори, кои се слушаат ноќе во неговата соба („Креденец“); ќе се занимава со ризични хемиски експерименти („Алхемичар“) и на крај ќе се обиде да ги дознае тајните на животот на „возрасните“ и ќе научи да разликува што во него е вистинско, а што е измама („Задача по физика“). |
|
За авторот: Иван Андрусјак е украински поет, автор за деца, прозаист, литературен критичар и преведувач. Тој е прогласен за еден од водечките поети на генерацијата од 90-тите, со свој препознатлив поетски манир заснован на употребата на метафори. Прозата на Андрусјак се карактеризира како силно симболична и метафорична, со користење на дијалекти. Од 2000 година, тој активно се занимава со литературна критика, главно анализирајќи поезија, бранејќи ги моралните принципи во литературата и правејќи разлика помеѓу книжевна фикција и „поп“ литература. Од 2005 година, Иван Андрусјак се фокусира на литературата за деца: неговите песни за деца се објавени во повеќе медиуми и антологии – подоцна собрани во книгата „Меко и нежно“ (2010). Во 2007 година беше објавен неговиот прв роман за деца „Стефа и нејзината Чакалка“. Оттогаш тој има напишано преку 30 книги за деца и млади – сликовници, илустрирани романи и кратки раскази. Со првиот дел од оваа книга, објавен оригинално под насловот „8 дена од животот на Бурундук“, едно од најпрочуените дела во современата украинска книжевност за помлади тинејџери, има влезено во престижниот каталог на најдобри детски книги во светот “White Ravens” („Бели гаврани“) за 2013 година. Лауреат е на многубројни украински награди и признанија, а најважна од нив е Наградата Лесја Украинка (за збирката стиховни бајки „Зајачка книшка“ и новелата-бајка „Третиот снег“). Во 2021 година, украинската секција на Меѓународниот совет за детска и младинска книга (IBBY) го номинираше Иван Андрусјак за Наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ — највисокото светско признание за писатели кои пишуваат за деца и млади. Андрусјак е член на Националниот сојуз на писатели на Украина, на Здружението на украински писатели и на ПЕН Украина. За преведувачката: Вера Чорниј-Мешкова е наградувана писателка, поетеса и преведувачка. Има завршено план и анализа на економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, украински јазик и украинска книжевност на Институтот за украинска филологија при НПУ „М. П. Драгоманов“ во Киев, магистратура по украински јазик и книжевност на Институтот за украинска филологија на истиот универзитет, како и докторски испити на филолошкиот факултет на КНУ Тарас Шевченко. Докторанд е на Одделот за украински јазик на филолошкиот факултет при КНУ „Тарас Шевченко“ и на Институтот за уметност, фолклор и етнологија М. Т. Рилскиј на НАН на Украина. Во академската 2013/2014 година таа го отвора првиот украински лекторат на филолошкиот факултет Блаже Конески при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што предава украински јазик, украинска книжевност и украинска култура и цивилизација. Со Указ на Претседателот на Украина, на 17 Јануари 2008 година е наградена со Орден на Кнегињата Олга од трет степен, најпрестижна награда со која се наградува жена во Украина. На 14 Октомври 2008, во Киев, наградена е со Орден на Св. Георги Победоносецот „Чест. Слава. Труд“ IV степен од Меѓународниот академски рејтинг на популарноста „Златна Фортуна“. Член на Друштвото на писателите на Македонија и на Националниот сојуз на писателите на Украина. Пишува на македонски и на украински јазик. Авторка е на стихозбирките „Пластови на малото сонце“, „Жолти зрна“, „Зорница“ и други книги објавени на македонски јазик. Преведувачка е на многубројни дела од украински и руски јазик. |
Возраст: 11+ години
|

Сподели

