Skip to product information
1 of 1
Софија Андрухович

АМАДОКА / е-Книга

АМАДОКА / е-Книга

SKU:9786085058310

Book cover
Regular price 700 ден.
Regular price Sale price 700 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

АМАДОКА / е-Книга

Роман, белетристика

Еден војник е тешко ранет во конфликтните зони во Источна Украина. За чудо, успева да преживее, но целосно го губи сеќавањето, не го памети ниту своето име, ниту своето минато, ниту една блиска личност. И токму во таква состојба го наоѓа една жена, чии љубов и трпение се чини дека можат да го направат невозможното: да му ги обноват сеќавањата и да му го вратат изгубениот живот.

Езерото Амадока, за кое се верува дека било најголемото во Европа и се наоѓало на територијата на денешна Украина, се споменува во низа антички текстови и е нацртано на мапите на повеќе средновековни картографи. А, потоа, одеднаш исчезнало, како никогаш и да не постоело. На кој начин исчезнуваат огромни езера, цели народи и култури, сите сеќавања на некој човек? И што останува на нивното место?

Андрухович трпеливо и вешто гради мозаик од приказни во кој сите делови полека се склопуваат. Преплетувајќи митологија, филозофија, историја, биографии на реални личности и референции на цела низа книжевни дела, Андрухович во овој роман успева да зборува и за холокаустот во Втората светска војна и за сталинистичките чистки на советските интелектуалци и за современите политички и воени кризи што ја потресуваат Европа сè до денес.

За авторката:

Софија Андрухович (Ивано-Франкивск, 1982) е украинска писателка и преведувачка. Студира книжевност и издаваштво, а работи како уредничка на списанија и како преведувачка од полски и од англиски јазик. Својот прв роман, „Летото на Милена“, го објавува во 2002 година, а првиот голем успех на книжевната сцена го постигнува со романот „Феликс Австрија“ (2014), за кој добива низа награди и според кој е снимен долгометражен филм.
Најпознатиот и најуспешен роман на Софија Андрухович е „Амадока“, објавен во 2020 година и преведен на десетина светски јазици. Веднаш по објавувањето, романот добива одлични критики во Украина и се смета за едно од клучните дела на современата украинска книжевност.

За преведувачот:

Авторка: Софија Андрухович

Издавач: Арт Конект

Едиција: Измислени светови

Наслов на оригиналот: Амадока / Софія Андрухович

Број на страници: 752

Формат: е-книга

Година: 2026

ISBN: 978-608-5058-31-0

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details