Skip to product information
1 of 1
Ингрид Шабер

БРАНОВИ / е-Книга

БРАНОВИ / е-Книга

SKU:9786085058037

Book cover
Regular price 500 ден.
Regular price Sale price 500 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

БРАНОВИ / е-Книга

Графички роман, белетристика

„Бранови“ е приказна за една млада жена чијшто живот целосно ќе се промени откако таа ќе забремени, ќе претрпи ужасна загуба и ќе сфати дека мора да се соочи со суровата реалност доколку сака да го сочува својот живот.
Зборувајќи за мајчинството и семејството, „Бранови“ ги поместува границите на графичкиот роман како жанр така што ни пренесува една нежна и трогателна приказна во која на неочекуван начин главната улога ја добива љубовта.

Внимателно раскажан и прекрасно илустриран, „Бранови“ е добитник на наградата „Харви“за најдобар европски графички роман.

За авторката:

Ингрид Шабер е авторка на стотина илустрирани книги за деца и млади. Бранови е нејзиниот прв графички роман, инспириран од нејзината лична приказна. Живее во Каркасон, со својата сопруга и нивните кучиња.

За илустраторката:

Карол Морел е илустраторка која својот прв стрип Како кај тебе дома го објавила во 2013 г. По три години излегуваат Луиза овде и онде, за кој ја добива наградата за најдобар графички роман на странски јазик на Меѓународниот фестивал на стрипот во Алжир и Апокалипса според Магда по текст на Клое Волмер-Ло, кој ја добива наградата „Артемизија Авенир“. Во 2017 работи на „Бранови“, чијшто превод на англиски јазик ја добива наградата „Харви“ за најдобар европски стрип.

За преведувачката:

Автори: Ингрид Шабер и Карол Морел

Издавач: Арт Конект

Едиција: Најтоплата боја

Наслов на оригиналот: Écumes / Ingrid Chabbert & Carole Maurel

Преведувачка: Елисавета Поповска

Број на страници: 94

Формат: е-книга

Година: 2024

ISBN: 978-608-5058-03-7

 

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details