ЧУДО ВО СИНАТА ШУМА
ЧУДО ВО СИНАТА ШУМА
SKU:
In stock
Couldn't load pickup availability
ЧУДО ВО СИНАТА ШУМА
Сликовници, стрип-сликовници, книги за деца, 8+ години
|
Секоја вечер во Сината Шума се изведуваат театарски претстави во кои уживаат сите нејзини жители. Добро, не баш сите. Одредени животни решиле да му се пожалат на лавот дека директорот на театарската трупа, творот Тома, ги навредува со неговите имитации и им го нарушува угледот. Лавот застанува на страната на побунетите животни и донесува закон за забрана на театарот. |
|
За авторот: Зоран Пеневски (1967) е српски писател, преведувач и сценарист, автор на повеќе романи за возрасни читатели, а за деца и млади ги напишал следниве романи: шест дела од серијалот „Океан од хартија“ (награда „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман на Змајевите детски игри, награда „Невен“ за илустрација за Душан Павлиќ), потоа романите „Сара и заборавениот плоштад“, „Сара и јануари за две девојчиња“ (награда „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман на Змајевите детски игри) и „Сара и чудовиштата од детската соба“, романот „Будимир и ретките видови“, збирката приказни „Вртоглави денови во Сината Шума“ и сликовницата „Селена се буди“. За илустраторот: Борис Кузмановиќ е роден во 1980 година, во Нови Сад, Србија. Завршил средно уметничко училиште во Нови Сад, за на Академијата за уметност во Нови Сад да ја запише насоката за графички дизајн и визуелни комуникации, а потоа и постдиломски студии по предметот графика и обликување на книги. Од 2008 г. е професор на Универзитетот Метрополитен. Од 2003 година почнува да соработува со повеќе издавачки куќи во Србија и во странство, и има илустрирано повеќе од 50 сликовници, книги, учебници и корици за книги, со над 1.000 илустрации за деца и за возрасни. За преведувачката: Николина Андова Шопова (1978, Скопје) е македонска писателка, поетеса и преведувачка, препознатлива по своето творештво во поезијата, прозата и литературата за деца. Со својот автентичен книжевен израз се вбројува меѓу најзначајните современи македонски автори. За поестката збирка „Влезот е од другата страна“ ја добива наградата „Мостови на Струга“, а за збирката „Во куќата“ ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Во 2018 година го објавува романот „Некој бил тука“, кој ја добива наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. Авторка е на книгите за деца „Кртот Ѕвездан“ (2020) и „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ (2024), за која во 2025 година ја добива Првата награда за најдобра книга за деца меѓу два саеми на книгата, што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи. |
Возраст: 8+Автор: Зоран Пеневски Илустрации: Борис Кузмановиќ Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Превод од српски јазик: Николина Андова Шопова Категорија/жанр: сликовница, стрип-сликовница, книга за деца Едиција: Ниту еден човек не е остров Формат: 290x210mm Повез: тврд Број на страници: 40 ISBN: 978-608-4673-53-8 Година на издавање: 2026 |

Сподели

