Skip to product information
1 of 1
Самира Кентриќ

АДНА

АДНА

SKU:Шифра: 30137

Book cover
Regular price 800 ден.
Regular price 800 ден. Sale price 800 ден.
-0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

АДНА

Графички романи, книги за млади

Адна сум.

Ми ве убија.

Младата девојка е соочена со сеќавањето на своето бегалско минато, се прашува за смислата на животот по смртта на најблиските и е парализирана од неможноста да го сподели своето искуство. Молкот ја потиснува во осаменост, а осаменоста се обидува да ја разбие со површни љубовни средби. Тогаш во нејзината рутина влегува неочекувано искуство и ја обземаат скриените емоции. Ќе успее ли да се извие од својата самотна лушпа?

 

Graficki roman - Adna - 1
Graficki roman - Adna - 2
Graficki roman - Adna - 3
Graficki roman - Adna - 4

За авторката:

Самира Кентриќ е родена во 1976 година, во Љубљана, како дете на босански имигранти. Започнала да црта уште како дете. По завршувањето на студиите по визуелна комуникација, таа се фокусира да ја пренесува општествената реалност на своето време во слики, креирајќи политички мотивирани илустрации, визуализирајќи, на пример, вести за меѓународни односи, верски конфликти и социјални прашања. Ужива да создава надреални ситуации за да го истакне она што го смета за најреално. Работи со различни техники избирајќи ги оние што смета дека се најсоодветни. Нејзиниот главен интерес лежи во подрачјето каде што јавните и политичките изрази се среќаваат со интимните аспекти на човековото секојдневие. Настојува нејзината работа да комуницира теми кои често се избегнуваат, се сметаат за незгодни или за табу. Има објавено три графички романи: „Балканалии“ (автобиографија) во 2015 година, „Писмо до Адна“ (визуелен и литературен коментар за бегалската ситуација) во 2016 година и „Адна“ во 2020 година.

За преведувачот:

Дарко Спасов е универзитетски дипломиран филолог и магистер по драматургија од Кочани. Преведува книги за деца и за возрасни веќе дваесет и пет години и досега превел над 80 прозни, драмски, поетски и театролошки дела од словенечки, но и од англиски на македонски јазик. Меѓу нив се вбројуваат авторите: Тадеј Голоб, Вероника Симонити, Драго Јанчар, Петер Светина, Марко Сосич, Броња Жакељ, Евалд Флисар; Станка Храстељ, Цветка Бевц, Питер Брук, Деклан Донелан; Сигфрид Мелхингер, Михаил Александрович Чехов, Нејц Заплотник, Андреј Розман Роза, Винко Модерндорфер, Сузана Тратник, Себастијан Прегељ, Нил Сајмон, Петер Резман, Томаж Космач, Иван Добник, Барбара Хануш... За превод на пиесата „Брана“ од Конор Мекферсон во 2019 г. ја добива втората награда на Еуродрам, а во 2020 г. Асоцијација на македонски издавачи ја наградува „Мочурливци“ од Барбара Симонити за Најдобра книга за деца и млади меѓу два саема на книга.

Авторка и илустраторка: Самира Кентриќ

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од словенечки: Дарко Спасов

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Категорија/жанр: графички роман

Формат: 20 × 20 cm

Повез: тврд

Број на страници: 136

ИСБН: 978-608-4938-82-8

Година на издавање: 2024

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details