Skip to product information
1 of 1
Асије Јилдирим

ХРАБРОТО СРЦЕ ХЕРМИТ / е-Книга

ХРАБРОТО СРЦЕ ХЕРМИТ / е-Книга

SKU:

Медиум
Regular price 650 ден.
Regular price Sale price 650 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

Ot of stock

ХРАБРОТО СРЦЕ ХЕРМИТ / е-Книга

Сликовници, книги за деца, 4+ години, е-книга

Тоа е едно храбро срце. Големо и храбро срце што не го собира ни во неговата куќарка. Едно наше мало пријателче, кое е принудено да се преселува, да си бара нова куќарка: Храброто срце Хермит.

Можеш ли да го чуеш и ти гласот што доаѓа од океаните? Начули ги ушите, да видиме… Сега е мигот кога треба да застанеме заедно со сите храбри срца на нашата планета. Нашиот бескрајно син и бескрајно зелен свет е нашиот прв дом, за сите нас.

За авторката:

Асије Јилдирим е обучувач по креативна драма, библиотекарка и раскажувачка. Се опишува себеси како ученичка која се обидува од небото да краде инспирација за надеж и радост, лажиче по лажиче; која сака денот да ѝ почне откако ќе одгризе залак од облаците; патник низ соништата и животот. Мајка на Гонџа и на мачето Ф’нд’к. Собрала храброст да почне да пишува за деца откако станала мајка, кога, подетинувајќи, ја открила „ѕвездената прашина на зборовите“. Најпрвин почнала да ги запишува смешните и иронични, но и филозофски реченици, реакции и мигови на својата ќерка. Има објавено и други книги, но „Храброто срце Хермит“ е нешто посебно за неа. „Можеби тоа што го доживеав беше причината што почнав да пишувам за детските срца. Но и приказните - моите драги приказни. Ним им должам толку многу“.

За илустраторот:

Роден сум во Бугарија. Имам една фотографија со татко ми, црно-бела, мислам дека имам две години. Не знам каква боја е топката што ми е в раце, но на таа возраст многу сакав фудбал. Кога имав шест години, еден ден татко ми ми нацрта во тетратката птица на гранка. Му реков: „И јас можам да нацртам вака.“ Го зедов моливот и почнав да цртам. Оттогаш не престанав да цртам. Жирафа што си го протегнала вратот до ѕвездите, китови што летаат врз облаците, риби... Не велете: „Бидува ли ова вака?“ Зошто да не бидува? Пробајте и самите. Ѝ нацртав на ќерка ми птица на гранка во тефтерот - очите ѝ светнаа... Оттогаш и таа непрестајно црта. Седиме на фотелјите во дневната соба и нурнуваме во длабочините на океанот. Кога ќе се умориме, ќе легнеме на тепихот и ги гледаме ѕвездите, планетите и летечките китови на таванот. Имам нешто повеќе од триесет и пет години. Шарам насекаде со погледот за да го видам сонцето, од кое ми подзамижуваат очите, кое ми го загрева срцето.

За преведувачот:

Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008-2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide - Macedonia“. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“ (2013), на монографијата „Урбани легенди“ (Бегемот, 2018, 2023), збирката репортажи „Непозната Македонија“ (Бегемот, 2020) и книгата поезија „Скопски улици“ (Бегемот, 2022). Преведува проза и поезија од турски на македонски. Во 2014 година објавил избор од сто песни од знаменитиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, Антолог, 2014), на стогодишнината од раѓањето на поетот. За неговите патописи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година.

Возраст: 4+ години

Авторка: Асије Јилдирим

Илустрации: Хусеин Сонмезај

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од турски јазик: Васко Марковски

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Категорија / жанр: сликовница, книга за деца

Формат: е-книга

Број на страници: 40

ISBN: 978-608-4673-55-2

Година на издавање: 2026

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details