ЌЕРКИТЕ НА ГЕНЕРАЛОТ / е-книга
ЌЕРКИТЕ НА ГЕНЕРАЛОТ / е-книга
SKU:
Ot of stock
Couldn't load pickup availability
ЌЕРКИТЕ НА ГЕНЕРАЛОТ / е-книга
Роман
|
„Ќерките на генералот“ е наградуван роман на албанската писателка Мимоза Хиса, кој ја раскажува приказната за Марсина и Мартина, сестри близначки, ќерки на висок воен офицер во времето на диктатурата во Албанија. Нивниот свет е дефиниран од привилегиите и од строгата сенка на комунистичките идеали на нивниот татко. Близначките се распнати меѓу двајца мажи: таткото – херој на партијата и Јетон – човек чие „неподобно“ политичко минато го прави опасен избор во режим кој никогаш не заборава. Во време кога само една „грешка“ може да значи пропаст, сестрите мора да се движат по тенката линија меѓу семејната лојалност и забранетата љубов. |
|
За авторката: Мимоза Хиса е албанска писателка и преведувачка. Дипломирала на Универзитетот во Тирана, на Катедрата за италијански јазик и книжевност, а своите студии ги продолжила во областа на италијанската култура на Универзитетот во Пиза, Италија. Докторирала книжевни науки. Како книжевна преведувачка, превела повеќе од 30 дела од значајни италијански автори на албански јазик, меѓу кои: Дино Буцати, Антонио Табуки, Џакомо Леопарди, Маргарет Мацантини, Алесандро Барико, Еуџенио Монтале, Клаудио Магрис, Меланија Мацуко, Доменико Старноне и други. Добитничка е на повеќе национални и меѓународни награди, меѓу кои: – Наградата за преведувач (2014) – доделена од Министерството за културно наследство и културни дејности на Италија. – Преведувач на годината (2018) – доделена од Академијата „Култ“, Албанија. Како писателка, објавила четири прозни книги, меѓу кои и „Време на ветрот“ (2004) – добитник на наградата „Европа, наш заеднички дом“, доделена од Министерството за култура, „Историја без имиња“ (2006) и нејзиниот најпознат роман „Ќерките на генералот“ (2019) – финалист за наградите „Кадаре“ и „Култ“, преведен на македонски, италијански, германски, грчки и романски јазик.
За преведувачката: Јордана Шемко-Георгиевска преведувачката на оваа книга од албански на македонски јазик, е родена во Корча, Р. Албанија, каде што завршила основно и средно образование на албански јазик. Високо образование завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, каде што и магистрирала. Работи како преведувач и толкувач од 2001 година. Има преведено низа книжевни дела од албански на македонски јазик: „Секој полудува на свој начин“, том I и том II, од Стефан Чапалику, „Во потрага по изгубената кошула“ од Аријан Лека, „Записите на црвот Смолински“ од Азем Делиу, како и поезија од албански на македонски јазик и обратно. Таа е и лектор на низа изданија на македонски и на албански јазик. |
|
Авторка: Мимоза Хиса Превод од албански: Јордана Шемко-Георгиевска Издавач: ИД-Концепт Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза) Жанр: роман Формат: е-книга Број на страници: 132 ISBN: 978-608-4673- Година на издавање: 2026 |

Сподели

