Skip to product information
1 of 1
Лин Скобер

ЗА МЛАДОСТА

ЗА МЛАДОСТА

SKU:Шифра: 30138

Book cover
Regular price 800 ден.
Regular price 800 ден. Sale price 800 ден.
-0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

ЗА МЛАДОСТА

Раскази за млади, монолози, 16+ години

Младоста е возбудлива, убава и забавна, но понекогаш знае да биде тешка и променлива. Таа е период во животот кога се случуваат сериозни промени. Се наоѓате на преминот меѓу детството и зрелата доба. Заедно со другите, а сепак сами. Родителите стојат на страна и не сфаќаат ништо, колку и да се трудат да разберат.

Познатата норвешка писателка Лин Скобер разговарала и се дружела со младите луѓе и ги запишувала нивните размислувања за животот, созревањето, чувствата, копнежите. Собраните материјали ги преточила во мали текстови за големи теми – од перспектива на младите. Нивните приказни се читливи и забавни, но истовремено изненадуваат бидејќи младите раскажувачи зрело и храбро се соочуваат со семејните и врсничките проблеми, обидувајќи се да преживеат во модерното општество во кое недостигаат топлината и сигурноста.

Книгата, со нејзиниот особен печат, ја илустрираше наградуваната норвешка илустраторка Лиса Аисато.

„Со други очи гледам на луѓето, на своето тело и на своите чувства откако ја прочитав оваа книга. Почнав да го забележувам она што не ми паѓало в очи претходно… Се препознавам во многу од овие приказни. Не сум прочитал подобра книга, ѝ давам највисока оценка.“

Евен (15), читател

За авторката:

Лин Скобер (1970) е позната норвешка глумица, комичарка и писателка. Образованието го стекнала на Државната школа за глума и факултетот „Вестердалс“. Учествувала во многубројни театарски претстави, телевизиски филмови и серии. Напишала драмски текстови за театар и телевизија. „За младоста“ е нејзиното прво книжевно дело, а по него следуваа „За зрелата доба“ (2020) и „За староста“ (2021).

За илустраторката:

Лиса Аисато (1981) е наградувана норвешка илустраторка, писателка и ликовна уметница. Освен илустрирањето книги од други автори, напишала и илустрирала неколку сопствени сликовници, кои се многу популарни во Норвешка. Нејзините чудесни илустрации се вклучени и во другите книги на Лин Скобер, „За зрелата доба“ (2020) и „За староста“ (2021).

За преведувачката:

Искра Бадева е родена во 1980 година во Скопје. Додипломски студии по скандинавистика завршува на Софискиот универзитет во Бугарија во 2007 година. Извесен период работи како уредник и преведувач во издавачката куќа „Табернакул“. Преведува од англиски, норвешки, шведски, дански и од фински јазик и досега има изработено педесетина преводи на актуелни скандинавски автори. За својата преведувачка работа ја добива наградата „Златно перо“ за 2011 година која ја доделува Здружението на литературни преведувачи на Македонија.

Возраст: 14 - 25 години

Автор: Лин Скобер

Илустрации: Лиса Аисато

Издавач: ИД-Концепт Чудна шума

Импринт: Чудна шума

Превод од норвешки: Искра Бадева

Категорија/жанр: книга за млади, монолози, приказни

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 256

ISBN:  978-608-4938-78-1

Година на издавање: 2024

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details