МИШКА
МИШКА
SKU:Шифра: 30132
In stock
Couldn't load pickup availability
МИШКА
Книги за деца, 7+ години
|
„Не е дом тој што нема домашно милениче“ – така мисли Роја, деветгодишно девојче од Авганистан чие семејство морало да ја напушти родната земја кога таа била премала за да се сеќава. И вечерва – прва во нивниот нов холандски дом, прва по шест години молби и бегства – сите се согласуваат со неа! Веќе наредниот ден во семејната куќа се вселува и Мишка, единствениот џуџест зајак на светот кој не јаде моркови. Сите го сакаат Мишка и тој ги сака сите. Особено Роја. Кога не може да спие или кога ја посетуваат тешки мисли, таа му зборува на Мишка за себе. И за нејзините родители и тројцата постари браќа. И за бегството на кое сака да се потсети. Но, еден ден Мишка одеднаш исчезнува. А со него исчезнува и радоста на Роја. Топла и трогателна приказна за грижата и љубовта, „Мишка“ се темели на вистински настани од животот на Ануш Елман и неговото семејство. Книгата е добитник на најпрестижната холандска награда „Златно перо“ во 2023 година, а нејзините преводи се номинирани за уште неколку видни награди во Италија и во Германија. |
Возраст: 7+ години
|

Сподели

