МИШКА / е-Книга
МИШКА / е-Книга
SKU:
Ot of stock
Couldn't load pickup availability
МИШКА / е-Книга
Книги за деца, 7+ години, е-книга
|
„Не е дом тој што нема домашно милениче“ – така мисли Роја, деветгодишно девојче од Авганистан чие семејство морало да ја напушти родната земја кога таа била премала за да се сеќава. И вечерва – прва во нивниот нов холандски дом, прва по шест години молби и бегства – сите се согласуваат со неа! Веќе наредниот ден во семејната куќа се вселува и Мишка, единствениот џуџест зајак на светот кој не јаде моркови. Сите го сакаат Мишка и тој ги сака сите. Особено Роја. Кога не може да спие или кога ја посетуваат тешки мисли, таа му зборува на Мишка за себе. И за нејзините родители и тројцата постари браќа. И за бегството на кое сака да се потсети. Но, еден ден Мишка одеднаш исчезнува. А со него исчезнува и радоста на Роја. Топла и трогателна приказна за грижата и љубовта, „Мишка“ се темели на вистински настани од животот на Ануш Елман и неговото семејство. Книгата е добитник на најпрестижната холандска награда „Златно перо“ во 2023 година, а нејзините преводи се номинирани за уште неколку видни награди во Италија и во Германија. |
|
За авторите: Едвард ван де Вендел е неуморливо плоден и многунаградуван холандски писател. Автор е на стотина разновидни книги за деца и млади (романи, сликовници, стихозбирки, спортски годишници, хроники, графички новели) и преведувач на уште барем толку, од неколку европски јазици (англиски, француски, шпански). За својот опус ја има добиено наградата „Тео Тајсен“ (2024), највисокото холандско признание за автор на детска книжевност. Влезен е и во потесниот избор за двете највидни светски награди во областа: наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ (2024) и меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (петкратно номиниран). Приказната на Ануш Елман е раскажана во две книги на Вендел, на кои тој се јавува како коавтор: Момчето што ја најде среќата (De gelukvinder, 2008) и Мишка. Првата е роман за млади што го следи тешкото бегство на семејството на Елман (окнижевен како Хамајун) од Авганистан во Холандија, како и нивниот престој во азилантски центар. Тука и завршува бидејќи во 2008 година сѐ уште не се знаело дали семејството на Елман ќе добие дозвола да остане во Холандија. Напишана 14 години подоцна, Мишка почнува на денот по вселувањето – во нов, холандски дом. За илустраторката: Анет Шап (или поточно, според новите правописни назнаки, Схап) е холандска илустраторка и писателка за деца. Има илустрирано над двесте сликовници и книги за млади од сите позначајни холандски автори (особено плодни и познати ѝ се соработките со Жак Вринс и Лисбет ван дер Јагт). Нејзиното прво авторско дело – романот за млади Лампје (Lampje, 2017) – е единствената дебитантска книга во историјата што ги има обединето трите големи холандски награди за детска книжевност: „Златно перо“, „Ваутертје Питерсе“ и „Нинке ван Хихтум“. За преведувачката: Ели Пујовска има преведено над седумдесет дела од холандски и од фламански јазик на македонски. Добитник е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината за преводот на романот Розата и вепарот од Ане Провоуст. Учесник е во голем број проекти за книжевен превод реализирани со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија. Уредник е во издавачката куќа АНКХ. |
|
Возраст: 7+ години
|

Сподели

