МЛЕКАРОТ / е-Книга
МЛЕКАРОТ / е-Книга
SKU:9786085058280
In stock
Couldn't load pickup availability
МЛЕКАРОТ / е-Книга
Роман, белетристика
|
Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне и ја прогонува локален четириесет и тригодишен насилник, познат во нејзината средина како Млекарот. И покрај тоа што само неколкупати „случајно“ се среќаваат на улица, во квартот каде што живее девојката почнуваат да се шират озборувања за неа и Млекарот, па набргу сите нејзини пријатели, соседи и целото семејство се свртуваат против неа, без да постои реална причина за тоа. „Атмосферата во ‘Млекарот’ потсетува на делата на Стерн и на Бекет, но романот несомнено има своја посебна енергија, свој впечатлив глас. Иако навидум зборува за љубовните проблеми на една тинејџерка, книгата всушност е одек на низа политички и социјални случувања кои го потресуваат нашето современо општество.“ „Преку одлично изведен контраст меѓу црн хумор и страв, ‘Млекарот’ претставува своевидна студија на кризата, без оглед дали е таа душевна, индивидуална, семејна или колективна.“ |
|
За авторката: Ана Бернс (1962, Белфаст) е писателка од Северна Ирска. Студира Руски јазик и литература во Лондон, а потоа се преселува во областа Сасекс во Англија, каде што живее и денес. За преведувачката: Катерина Јосифоска е родена во 1982 година во Скопје. Дипломирала во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а титулата доктор на науки ја стекнала во 2009 година на истиот факултет. Преведува од германски, шпански и англиски јазик. На македонски ги превела делата на Теодор В. Адорно, Валтер Бенјамин, Роберт Музил, Хана Арент, Франц Кафка, Зејди Смит, Роберто Болањо, Фернандо Арамбуру, Јан Асман, Даниел Келман… За својот преведувачки труд ги добила наградите „Пол Целан“ во 2012 и „Златно перо“ во 2015 година. |
|
Авторка: Ана Бернс Издавач: Арт Конект Едиција: Измислени светови Наслов на оригиналот: Milkman / Anna Burns Превод: Катерина Јосифоска Број на страници: 424 Формат: e-книга Година: 2025 ISBN: 978-608-5058-28-0 |

Сподели

