Skip to product information
1 of 1
Ива Безиновиќ–Хејдон

МОЈАТА БАБИЧКА НЕ ЗНАЕ КОЈА СУМ / е-Книга

МОЈАТА БАБИЧКА НЕ ЗНАЕ КОЈА СУМ / е-Книга

SKU:Шифра: 30102e

Book cover
Regular price 600 ден.
Regular price Sale price 600 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

Low stock

МОЈАТА БАБИЧКА НЕ ЗНАЕ КОЈА СУМ / е-Книга

Книги за деца, сликовници, 5+ години

Баба ми Зринка секојпат за сѐ велеше: „Може!“ Кампувавме и планинаревме, трчавме и возевме велосипед, пливавме во најдлабокото море. Градевме тајни скривалишта и правевме куќарки за бубачки од кутии за чевли.
Таа плетеше волнени џемпери според замисли од мојата глава, правевме играчки од чашки за јогурт, подготвувавме куклени претстави во нејзината градина. Патувавме со воз, со авион, со брод. Цртавме стрипови, читавме весници, пишувавме прикаски.
Ништо не беше невозможно. Мојата бабичка знаеше и можеше сѐ.
Сѐ до денот кога веќе не...

Разговорот за болеста и смртта секогаш е тежок и мачен. Кусата приказна „Мојата бабичка не знае која сум“, низ описот на нежниот однос меѓу девојчето Ема и баба ѝ Зринка, која наеднаш почнува да ги заборава случките и луѓето, им ја приближува на децата темата за стареењето и за смртноста, како и идејата за сеќавањето и за вечната љубов.

За авторката:

Ива Безиновиќ-Хејдон (Риека, 1981) дипломирала хрватски јазик и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Живеела во САД, Унгарија и Германија, а моментно со сопругот и нејзините три деца живее во Загреб. Работела како преведувачка, учителка, лекторка, а најмногу време посветила на својата школа по хрватски јазик за странци. Нејзините кратки приказни и песни на хрватски и на англиски јазик можат да се најдат во антологии на кратки раскази и на интернет-портали. Досега има објавено пет сликовници. Повеќе нејзини приказни биле финалисти во различни книжевни натпревари, а освоила и неколку награди.

За илустраторката:

Возраст: 5+ години

Автор: Ива Безиновиќ–Хејдон

Илустрации: Хана Тинтор

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од хрватски јазик: Калиопа Петрушевска

Категорија/жанр: сликовница, книга за деца

Едиција: YES – Млади европски приказни

Медиум: е-Книга

Формат: .pdf

Број на страници: 44

ISBN: 978-608-4673-13-2 (е-книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details