НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НА ЕДНА ПЕСНА / е-Книга
НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НА ЕДНА ПЕСНА / е-Книга
SKU:9786085058334
In stock
Couldn't load pickup availability
НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НА ЕДНА ПЕСНА / е-Книга
Поезија
|
Песните на Димитрова истовремено се жестоки и нежни, луцидни и едноставни, иронични и искрени, тажни и смешни, отворени кон душата на читателот и со длабоки тајни затворени некаде во себе. |
|
За авторката: Кристин Димитрова е бугарска поетеса, писателка и преведувачка. Авторка е на четиринаесет збирки поезија, од кои последната е „Почитувани патници“ (2018), а најновата – „Маалска антропологија“ – ќе излезе во 2026 година. Нејзини збирки се издадени во Велика Британија, Ирска, Индија, Чешка и Чиле. Авторка е на романите „Сабазиј“ и „Ќе се вратам за тебе (2022), како и на три збирки раскази: „Љубов и смрт под кривите круши“ (2004), „Тајниот пат на мастилото“ (2011), „Кога ќе пристигнеш, јави се“ (2017). Димитрова е носителка на седум награди за поезија, четири за проза, како и три награди од Сојузот на преведувачите во Бугарија. Нејзините книги, песни, раскази и есеи досега се објавени во 37 држави и на 29 јазици. За преведувачката: Маја Лазаревска работи во издавачкиот сектор уште од 2010 година како уредничка, преведувачка, организаторка на целокупното издавачко работење, организираторка на многубројни културни настани. Од 2016 година отвора нова издавачка куќа, „Артконект“, во која работи како главна и одговорна уредничка и управителка. Преведувачка е на книгите Викторина од Јет ван Оверим и Анемари ван Херинген (2023) и Трошки на хартија од Мариј Росен (Артконект, 2023); коавторка е на преводот на книгите Дождец и Капка од Деница Илчева и Асја Колева (Артконект, 2021) и Мечка страв од Марин Бодаков (Артконект, 2022). Објавила преводи на избор поезија на поетите Јаница Радева, Марин Бодаков и Мариј Росен на интернет страницата на „Артконект“. |
|
Авторка: Кристин Димитрова Издавач: Арт Конект Едиција: Измислени светови Превод: Маја Лазаревска Број на страници: 134 Формат: е-книга Година: 2026 ISBN: 978-608-5058-33-4 |

Сподели

