Skip to product information
1 of 1
Невена Митрополитска

ПО ШИНИТЕ

ПО ШИНИТЕ

SKU:

Book cover
Regular price 450 ден.
Regular price 400 ден. Sale price 450 ден.
--13% Sold out
Shipping calculated at checkout.

Ot of stock

ПО ШИНИТЕ

Роман

Една старица погледнува во своето минато, во нејзиното безгрижно детство, во кое подоцна се појавуваат жолти ѕвезди, во возот за Треблинка кој ја чека на железничката станица во Ќустендил, во својата зрелост во време на народната република и во нејзината старост во денешницата. Нејзината петнаесетгодишна внука - емигрантка во Канада, се соочува со предавството и самотијата. Ќе успеат ли двете да го пронајдат патот една кон друга? Дали горчливите лекции што се пренесуваат низ децениите ќе им послужат за нешто? Ова е приказната на едно семејство - во неа има војна, прогон и разделба, но исто така и волја за живот и љубов.

„Од Ќустендил до Монтреал по невидливите нишки на едно патување во двете насоки на времето, Невена Митрополитска пренесува ликови и спомени преку една возбудлива лична приказна меѓу две мајки и една внучка.“

– Еми Барух

За авторката:

Невена Митрополитска е родена во Софија во 1969 година. Дипломирала руска и англиска филологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, како и библиотекарство и информатички науки на Универзитетот во Монтреал. Авторка е на романите „Ана и планината“ (2015), „Дарот“ (2019) и „По шините“ (2021), објавени од издавачката куќа „Жанет 45“. Од 2002 година живее со своето семејство во Монтреал, Канада.

 

За преведувачот:

Душко Крстевски (1981) е поет, преведувач и книжевен рецензент. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што моментално е магистранд по македонска литература. Застапен е во неколку антологии на македонската млада поезија. Преведува од бугарски јазик, како за домашната културна сцена така и во рамките на интернационалниот проект „Across Europe“. Моментално работи како професор по македонски јазик и литература во Меѓународните училишта НОВА во Скопје. Автор е на книгата „Алхемија на 21 век“ и на голем број есеи објавени во периодиката.

Авторка: Невена Митрополитска

Превод од бугарски: Душко Крстевски

Издавач: ИД-Концепт

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Жанр: роман

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 272

ISBN: 978-608-4673-37-8

Година на издавање: 2026

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details