Skip to product information
1 of 1
Гето Руди, Теа К.

ШАХ-МАТ

ШАХ-МАТ

SKU:Шифра: 30004

Book cover
Regular price 150 ден.
Regular price Sale price 150 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

ШАХ-МАТ

Поезија

Книга со две корици што се чита од двете страни: едната со хаику-поезија на Теа К., а другата со хаику-поезија на Гето Руди.
„Шах-мат“ претставува дел од трилогиски книжевен проект што опфаќа три заеднички поетски книги на двајца автори кои творат хаику-поезија под псевдоним (Гето Руди и Теа К.). Замислен е така што трите заеднички книги содржат по 80-тина хаику-песни по автор, што вклучуваат и по една песна од авторите поврзана со темата шах. Првата поетска книга, издадена во 2011 година („Магор“), е со наслов „Партија шах“, а втората, издадена во 2018 година („Арс Ламина“), е насловена „Реми“. Поврзаноста меѓу шахот и хаику-поезијата лежи во нивната заедничка потреба за ментална дисциплина, остар ум, прецизност и креативност. Со „Шах-мат“, како трета и последна поетска книга, се заокружува овој трилогиски книжевен проект.
Хаику-песните што се дел од Шах-мат се инспирирани од секојдневието и од т.н. мали нешта што го чинат животот. На тој начин, авторите го доловуваат моментот, во којшто, пак, е содржана цела вечност, цел еден микросвет. Некои од песните се проткаени со љубовни чувства, а други со духовитост и со доза на иронија. Доживувањата претставени преку овие хаику-песни се непосредни, едноставни, сликовити и понекогаш бараат соучество од читателот – интуитивно и емотивно. Преку песните, авторите претставуваат навидум банални секојдневни нешта, што всушност значат сè.
Авторите на поетската книга Шах-мат низ стиховите нè водат спонтано, слободно, но и нè замислуваат и нè соочуваат со светот и со себеси. Од нивните стихови се дел и филозофски прашања и интимни љубовни чувства, интересни доживувања, патешествија; природата и она што нè опкружува; елементи од литературата, културата и уметноста; градот Скопје и други европски градови; искуства од животот за време на пандемијата со КОВИД-19; духовити случки...
Иако формално ја следат структурата „пет-седум-пет“ на хаику-поезијата, како и темите што подразбираат природа и секојдневни „фатени“ моменти, сепак авторите малку се одвојуваат од традиционалниот стил на хаику-поезијата, ставајќи и свој печат, па можеме да забележиме и хаику-песни со наслови или, пак, онакви каде што е присутна рима, а и поширок опсег на теми.
Преку своите песни, авторите „заробуваат“ моменти и емоции во кратка, но моќна форма, која овозможува не само рамка за изразување туку и простор за креативна слобода. Комбинацијата на два различни стила во оваа книга создава интригантна динамика и додава на длабочината на делото.

Автори: Теа К. и Гето Руди

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Едиција: Корија

Категорија/жанр: Поезија; хаику

Формат: 140х100 мм

Повез: мек

Број на страници: 84

ИСБН: 978-608-4938-08-8

Година на издавање: 2025

View full details