ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ
ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ
SKU:Шифра: 2531422211
In stock
Couldn't load pickup availability
ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ
Романи и романи за млади, 14+ години
|
Погледни низ прозорецот. Го гледаш непознатиот човек како се потпира на дрвото и гледа кон вашата куќа? Во недела луѓето обично на гости доаѓаат околу пладне, никогаш не толку рано. Мама и тато сè уште спијат. Те обзема страв.
|
|
За авторот: Евалд Флисар (1945) е повеќекратно наградуван словенечки автор, меѓународно изведуван драматург и е најпреведуваниот словенечки писател, чии дела се објавени на 40 јазици. Извесен период живеел во Велика Британија, каде што работел како уредник и драматург, а од 1990 година живее во Љубљана. Работел како главен уредник на „Современост“, словенечко списание за книжевност, и седум години бил претседател на Словенечкото друштво на писатели. Флисар пишува драми, книги за деца и млади, есеи, патописи, кратка проза. Автор е и на дваесетина романи, меѓу кои се издвојуваат: „Помошникот на волшебникот“ (1986), „Маѓепсаниот Одисеј“ (2003), „Набљудувач“ (2009), „Соништата на татко ми“ (2001) итн. Флисар е добитник на наградата на Фондацијата „Прешерн“, највисоката државна награда за литература, наградата „Жупанчич“ за животно дело, три награди за најдобра драма на годината и 18 номинации за книжевни награди. Меѓу странските награди се италијанската „Ла Магна Капитана“ и Македонската меѓународна награда ПРОЗАРТ. Тој е член на Словенечката академија на науките и уметностите. За преведувачот: Дарко Спасов е универзитетски дипломиран филолог и магистер по драматургија од Кочани. Преведува книги за деца и за возрасни веќе дваесет и пет години и досега превел над 80 прозни, драмски, поетски и театролошки дела од словенечки, но и од англиски на македонски јазик. Меѓу нив се вбројуваат авторите: Тадеј Голоб, Вероника Симонити, Драго Јанчар, Петер Светина, Марко Сосич, Броња Жакељ, Евалд Флисар; Станка Храстељ, Цветка Бевц, Питер Брук, Деклан Донелан; Сигфрид Мелхингер, Михаил Александрович Чехов, Нејц Заплотник, Андреј Розман Роза, Винко Модерндорфер, Сузана Тратник, Себастијан Прегељ, Нил Сајмон, Петер Резман, Томаж Космач, Иван Добник, Барбара Хануш... За превод на пиесата „Брана“ од Конор Мекферсон во 2019 г. ја добива втората награда на Еуродрам. |
Возраст: 14+ години
|

Сподели

