Skip to product information
1 of 1
Тина Вршчај

НА РИДИНАТА

НА РИДИНАТА

SKU:Шифра: 2531422216

Повез
Regular price 450 ден.
Regular price 450 ден. Sale price 450 ден.
-0% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

НА РИДИНАТА

Романи 

На Ридината, зафрлено село, на стрмна падина, живее млад пар, Ева и Грегор. Додека Ева се посветува на грижата за нивните мали ќеркички и заедничкиот дом, Грегор е претежно рамнодушен кон секојдневниот семеен живот, комуникацијата е отежната, а врската се распаѓа. Приказната на моменти води до тегобна атмосфера што се создава од тоа како Ева ја доживува Ридината, село кое со својата местоположба, но и инаку, живее во свет сам за себе. Под Ридината се наоѓа друго симболично место, Котел, свет полн со потрошувачи и сообраќајна бучава. 

Се исцртуваат современи врски и разни теми, како што се мајчинството, кризата во партнерските односи, потрагата по созвучје со природата и, од друга страна, присуството на модерната технологија, со која дополнително се разјадуваат човечките односи. 

Романот на Тина Вршчај, кој е мошне актуелен во однос на содржината, е метафорички и стилски инспиративен, напишан во посебен ритам диктиран од избрусени реченици.

Преводот на оваа книга е финансиран од Наградата за литература на Европската унија (EUPL). Авторката на оригиналната книга добива специјално признание од EUPL во 2024 година.

Авторка: Тина Вршчај

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од словенечки: Дарко Спасов

Едиција: Златна дабрава

Категорија/жанр: роман

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 194

ИСБН: 978-608-4673-30-9

Година на издавање: 2026

View full details