Сет четки за сликање, округли, со кратка дршка, бр. 4, 8 и 12
Внимателно изработена и рачно обликувана, оваа четка за акварел има еластични влакна отпорни на абење. Снопчето од златни синтетички влакна впива големо количество вода, а неговата тркалезна форма со многу фин врв овозможува прецизно сликање ситни детали.
Спецификација:
Производител: Van Gogh / Royal Talens
Влакна: Златни синтетички
Форма: Округла со многу фин врв
Дршка: Кратка, со сјаен премаз. Спојница од пониклуван месинг