ШАГИ БЕЈН / е-Книга
ШАГИ БЕЈН / е-Книга
SKU:9786085058259
In stock
Couldn't load pickup availability
ШАГИ БЕЈН / е-Книга
Роман, белетристика
|
Во 1981 година Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство. „Пишувајќи со голема топлина и сочувство кон ликовите, Стјуарт создава роман за својот живот без да пишува автофикција. Приказната е потресна, но ги воздигнува читателите во име на книжевноста.“ „Првенецот на Даглас Стјуарт е роман со ретка и трајна убавина, истовремено нежен и моќен, со толку добро изграден главен лик, што ни се чини дека го препознаваме во секој од нас.“ |
|
За авторoт: Даглас Стјуарт (Глазгов, 1976) е шкотско-американски писател. Студира моден дизајн во Единбург и во Лондон, а по студиите се преселува во Њујорк, каде што гради успешна кариера како моден дизајнер. Почнува да пишува раскази и есеи, а подоцна и романи. За својот прв роман – „Шаги Бејн“ – ја добива престижната награда „Букер“ и стекнува светска слава, а романот е преведен на повеќе од четириесет јазици. За преведувачот: Ацо Пероски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2005 година. Постдипломските студии ги продолжил на Институтот за филозофија во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 2009 година. Соработува со повеќе издавачки куќи како уредник и преведувач. Косопственик е на издавачката куќа „Артконект“ од Скопје, каде што работи како уредник. Преведува од англиски, француски, српски и хрватски јазик. На македонски има преведено дела од Џон Фаулс, Леонард Коен, Данило Киш, Зејди Смит, Ајрис Мердок, Борис Вијан, Мишел Уелбек, Колсон Вајтхед, Џулијан Барнс и други современи автори. |
|
Автор: Даглас Стјуарт Издавач: Арт Конект Едиција: Измислени светови Наслов на оригиналот: Shuggie Bain / Douglas Stuart Број на страници: 488 Формат: е-книга Година: 2025 ISBN: 978-608-5058-25-9 |

Сподели

