КИКИ, НИЕ ТЕ САКАМЕ!
КИКИ, НИЕ ТЕ САКАМЕ!
SKU:Шифра: 30151
In stock
Couldn't load pickup availability
КИКИ, НИЕ ТЕ САКАМЕ!
Сликовници, книги за деца, 4+ години
|
Сите деца, но и возрасните, сакаат да решаваат загатки! |
|
За авторката: Мелита Рундек ги сака децата, пишува за децата, разговара со децата и оди на книжевни средби со децата. Има добиено пет големи награди, од кои една регионална, за своите книги за деца, како и многу помали признанија. Нејзините книги редовно се на топ-листите со препораки за читање. Децата ја читаат во лектирите. Од некои од нејзините приказни и книги се направени претстави, а некои се изведувани на радио. За илустраторката: Ванда Чижмек илустрирала многубројни сликовници и книги за деца и млади, списанија за деца и бележници. Добила многубројни пофалби и награди за нејзината работа, меѓу кои се неколку награди за сликовницата со Силвија Шесто - „Фати ми го синото мече“: наградата „Григор Витез“, Почесната листа на IBBY, „Хрватска убава книга“, а во 2023 оваа сликовница беше вброена во каталогот на програмата на IFLA - „World Through Picture Book“ – како една од десетте најдобри хрватски сликовници. За преведувачката: Катица Гароска Ацевска е книжевен преведувач и уредник. Родена е во Скопје, каде што дипломира на Филолошкиот факултет на катедрите за англиски и француски јазик и литература. Книжевен преведувач е од англиски, француски, хрватски, српски, босански и бугарски на македонски јазик: проза, поезија, есеи, драми, книжевност за деца и млади. Преводите ги работи најчесто по полноќ, главно во резиденции за преведувачи низ целиот свет. Добитник е на повеќе награди за книжевен превод. Покрај книжевен превод, активно се занимава со планинарење, велосипедизам, скијање. Еднакво ужива на снег и во вода. Таа е неуморен патувач во егзотични места на планетата Земја. |
Возраст: 4+Автор: Мелита Рундек Илустрации: Ванда Чижмек Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Превод од хрватски јазик: Катица Гароска Ацевска Категорија/жанр: сликовница, книга за деца Едиција: Повеќе од приказна Формат: 200x250mm Повез: тврд Број на страници: 44 ISBN: 978-608-4938-84-2 Година на издавање: 2025 |

Сподели

