САКАМ ЈОГА!
САКАМ ЈОГА!
SKU:Шифра: 58557111
Ot of stock
Couldn't load pickup availability
САКАМ ЈОГА!
Книги за деца, сликовници, 3-6 години
|
Сте знаеле ли дека вежбајќи јога, можете да имитирате некои живи суштества од дивиот свет или дека е можно да застанете во форма на некои предмети што ги сакате или на нешта што воопшто не ги ни забележувате? Сте посакале ли некогаш да ’ржите како лавови, да имате корења како дрвјата или да летате како птица? Или, пак, што би рекле да стоите исправено како свеќа? Или, да се нишате како брод во морето? Можеби ќе се најдете себеси сред океан! Дали сте подготвени за едно многу интересно патување со вашето тело и ум, со Сакам јога! Јогата за деца е вид јога преку која вашите деца ги истражуваат своите тела и ги вежбаат своите умови, правејќи го тоа во ненатпреварувачка атмосфера. Јога-позите можете да ги вежбате со вашите деца дома или на отворено. На тој начин истовремено поминувате време со вашите деца умствено и се забавувате преку физички и социјални активности. Можете да си создадете дневно правило, практикувајќи одредени вежби пред или по оброците или пред спиење.
Главни придобивки од јогата за деца: - Ги зајакнува концентрацијата и фокусот. - Ја развива самодовербата. - Ги зголемува имагинацијата и креативноста. - Ја буди свесноста за телото. - Помага за рамнотежата на телото. - Учи на тимска работа. - Дава можност за себеизразување во ненатпреварувачка атмосфера. |
Возраст: сликовница 3-6 годиниАвтор: Езги Берк Илустратор: Рукије Улусан Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Превод од турски јазик: Васко Марковски Категорија/жанр: Сликовница Едиција: Од шумите на Европа Формат: 210x220mm Повез: мек Број на страници: 64 ИСБН: 978-608-4673-07-1 Година на издавање: 2026 |
Share

