ФАТИ МИ ГО СИНОТО МЕЧЕ
ФАТИ МИ ГО СИНОТО МЕЧЕ
SKU:Шифра: 30112
In stock
Couldn't load pickup availability
ФАТИ МИ ГО СИНОТО МЕЧЕ
Сликовници, книги за деца, 4+ години
|
Детето Вселенко за роденден го доби најубавото кадифено мече на цел свет. Но мечето мораше да остане завиткано во проѕирен целофан. Да не собира прашина, рече мама. Вселенко можеше само да го гледа, да го допира и да го слуша шушкањето на целофанот. Синото мече е нежна приказна за растењето што ја разбираат децата. Силвија Шесто во малку зборови ја уловила суштината на меѓучовечките односи, а илустрациите на Ванда Чижмек ја надополниле и ја заокружиле оваа убава приказна. |
|
За авторката: Силвија Шесто (1962) е хрватска писателка, уредничка и професионалец на полето на односи со јавност. Дипломирала компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, а потоа продолжила со постдипломски студии по драматургија. Пишувала сценарија за радио и телевизија, како и маркетинг-стратегии за различни кампањи и добила „Златно ѕвоно“ и „Кристално ѕвоно“ (1996) за текст и продукција на радиореклами. Во 2002 ја добила наградата „Ивана Брлиќ-Мажураниќ“ за нејзиниот роман „Дебела“, кој беше вклучен и на Почесната листа на IBBY. Таа е авторка на дузина книги за возрасни и пет поетски збирки. Нејзината најуспешна книга „Бум Томица“ ја добива наградата за најдобра приказна за деца на фестивалот „Мал Марулиќ“ во Сплит, а потоа и нејзината книга „Господин Мрак и трите бели шапкички“. Збирката „Тинунину“ ја добива наградата „Киклоп“, а потоа и наградата „Григор Витез“. Сликовницата „Фати ми го синото мече“ ја добива наградата „Григор Витез“ во 2018 година, а Силвија Шесто ја добива истата награда за придонес кон книжевноста за деца и млади во 2019 година. За илустраторката: Ванда Чижмек илустрирала многубројни сликовници и книги за деца и млади, списанија за деца и бележници. Добила многубројни пофалби и награди за нејзината работа, меѓу кои се неколку награди за сликовницата со Силвија Шесто - „Фати ми го синото мече“: наградата „Григор Витез“, Почесната листа на IBBY, „Хрватска убава книга“, а во 2023 оваа сликовница беше вброена во каталогот на програмата на IFLA - „World Through Picture Book“ – како една од десетте најдобри хрватски сликовници. За преведувачката: Катица Гароска Ацевска е книжевен преведувач и уредник. Родена е во Скопје, каде што дипломира на Филолошкиот факултет на катедрите за англиски и француски јазик и литература. Книжевен преведувач е од англиски, француски, хрватски, српски, босански и бугарски на македонски јазик: проза, поезија, есеи, драми, книжевност за деца и млади. Преводите ги работи најчесто по полноќ, главно во резиденции за преведувачи низ целиот свет. Добитник е на повеќе награди за книжевен превод. Покрај книжевен превод, активно се занимава со планинарење, велосипедизам, скијање. Еднакво ужива на снег и во вода. Таа е неуморен патувач во егзотични места на планетата Земја. |
Возраст: 4+Автор: Силвија Шесто Илустрации: Ванда Чижмек Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Превод од хрватски јазик: Катица Гароска Ацевска Категорија/жанр: сликовница, книга за деца Едиција: БОБ (Книги на плажа) Формат: 215 x 240mm Повез: тврд Број на страници: 44 ISBN: 978-608-4938-67-5 Година на издавање: 2024 |

Сподели

