СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга
СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга
SKU:9786085058051
In stock
Couldn't load pickup availability
СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга
Роман, белетристика
|
Мартин Берг, неуспешен писател и сопственик на мала издавачка куќа во Гетеборг, запаѓа во сè поголема криза. Неговата сопруга мистериозно исчезнува, неговиот најдобар пријател не му одговара на повиците, неговата издавачка куќа тоне во долгови, а се чини дека и неговите деца сè повеќе сакаат да се оддалечат од него. Еден ден неговата ќерка случајно ќе открие трага што може да ја открие тајната за исчезнувањето на мајка ѝ, но одговорите се сосем различни од тие што ги очекува. „Грандиозна, комплексна драма за семејството, уметноста и жртвата, која несомнено ќе ги освои читателите.“ „Ги насетуваме нејзините американски влијанија, како Џонатан Френзен или Пол Остер, но со својот едноставен пристап кон комплексни теми Лидија Сандгрен очигледно избира оригинален пат. Ова е книжевност за нашето време: сериозна, длабока, но никогаш крута и здодевна.“ |
|
За авторката: Лидија Сандгрен (1987) е шведска писателка. Студирала музика, филозофија и психологија. Живее и работи во Гетеборг. За преведувачката: Катерина Јосифоска е родена во 1982 година во Скопје. Дипломирала во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а титулата доктор на науки ја стекнала во 2009 година на истиот факултет. Преведува од германски, шпански и англиски јазик. На македонски ги превела делата на Теодор В. Адорно, Валтер Бенјамин, Роберт Музил, Хана Арент, Франц Кафка, Зејди Смит, Роберто Болањо, Фернандо Арамбуру, Јан Асман, Даниел Келман… За својот преведувачки труд ги добила наградите „Пол Целан“ во 2012 и „Златно перо“ во 2015 година. |
|
Авторка: Лидија Сандгрен Издавач: Арт Конект Едиција: Измислени светови Наслов на оригиналот: Samlade verk / Lydia Sandgren Превод: Катерина Јосифоска Број на страници: 776 Формат: е-книга Година: 2024 ISBN: 978-608-5058-05-1 |

Сподели

