СРЕЌНИ ПАДОВИ / е-Книга
СРЕЌНИ ПАДОВИ / е-Книга
SKU:9786085058167
In stock
Couldn't load pickup availability
СРЕЌНИ ПАДОВИ / е-Книга
Кратка проза, белетристика
|
Кратките прози во збирката „Среќни падови“ се засновани на вистински луѓе и настани. Книгата ги истражува искуствата на жените од регионот Донбас кои поради војна се принудени да живеат како бегалки во Киев, но и во различни европски држави. Белорусец ненаметливо и суптилно, но сепак прецизно и јасно ги отсликува влијанијата на траумата од историските случувања врз интимниот секојдневен живот на луѓето. Пренесувајќи ги приказните во доменот на фикцијата и создавајќи хибридна книга, авторката слика фрагментарна и интимна панорама на болките на нашето време. „Расказите на Белорусец го евоцираат фаталистичкиот хумор на маргинализираните жени кои ни се откриваат како неочекувани, а сепак толку очигледни хероини.“ „Белорусец ги доловува неверојатните животи на обичните Украинки среде политичките бури од последните две децении. Книгата е полифоничен портрет на едно општество, во кој фрагментите варираат од апсурдност до нежна романтика.“ |
|
За авторката: Евгенија Белорусец (Киев, 1980) е украинска фотографка и писателка. Работи како фоторепортерка за повеќе европски медиуми, меѓу кои и реномираниот германски весник „Дер Шпигел“. Членува во интердисциплинарниот уметнички колектив „Худрада“ и основачка е на списанието за уметности „Простори“. За преведувачот: Андреј Јованчевски (1992, Скопје) — славист, книжевен преведувач, толкувач, уредник и раководител на неколку културни иницијативи. Студирал општа и компаративна книжевност и славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како истражувач на литературната историја, на книжевните теории и на словенските јазици и литературни традиции, редовно учествува во разни академски публикации и настани. Автор на десет издадени книжевни преводи, уредник на стотина изданија за неколку македонски издавачки куќи, преведувач и автор на повеќе објавени есеи, извадоци и засебни поглавја во списанија и монографии. Водел преведувачки проекти и демонстраторски вежби по историја на руската книжевност на матичниот универзитет. Активно се занимава со меѓујазично толкување и со задачи поврзани со генерирање и анализа на пишувани содржини на неколку природни јазици. Основач и управител на културниот простор „Буква“ и на студиото за визуелни приказни „MultiQi“. Главен уредник на издавачката куќа „Аз-Буки“. Иницијатор и учесник во неколку локални и меѓународни проекти од различни домени на културата. |
|
Авторка: Евгенија Белорусец Издавач: Арт Конект Едиција: Измислени светови Наслов на оригиналот: Щасливі падіння / Євгенія Бєлорусець Број на страници: 148 Формат: е-книга Година: 2025 ISBN: 978-608-5058-16-7 |

Сподели

