ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ – ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ – ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
SKU:Шифра: 30047
In stock
Couldn't load pickup availability
ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ – ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
Публицистика, стручна литература, уметност и култура
|
Урбаниот идентитет е идеја блиско поврзана со вистинскиот или со идеалниот пејзаж. Етничкиот идентитет е оној што го обликува урбаниот, како и стремежот кон идеалниот идентитет, и е производ што е подложен на интерпретации кај поединецот и институциите во одреден културен контекст. Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини. Анализата на филмскиот град ги обединува историјата на уметноста, архитектурата, антропологијата, урбаните и социолошките студии, а филмскиот пејзаж се протега далеку зад екранот, за да се преиспита како преку своите пејзажи го прераскажуваме својот идентитет и како го дефинираме својот опсег во глобалната филмска заедница. Зголемениот интерес за просторно-идентитетските феномени ќе придонесе за интересот за урбанитетот и во македонската кинематографија, каде што урбаното најчесто е препознаено и анализирано како спротивност на руралното и фолклорното и како она што се наоѓа помеѓу екстремите на филмските замисли на неосоцреализмот и космополитскиот урбанизам на балканските метрополи. |
СпецификацијаАвтор: Елена Копртла Жанр: стручна студија Едиција: Видиковец Формат: А5 Број на страници: 274 Повез: мек ISBN: 978-608-4938-41-5 Година на издавање: 2022 |
Share

