Skip to product information
1 of 1
Оксана Була

ТУКОНИ - ЖИТЕЛ НА ШУМАТА

ТУКОНИ - ЖИТЕЛ НА ШУМАТА

SKU:Шифра: 30151

Book cover
Regular price 600 ден.
Regular price 800 ден. Sale price 600 ден.
-25% Sold out
Shipping calculated at checkout.

In stock

ТУКОНИ - ЖИТЕЛ НА ШУМАТА

Сликовници, книги за деца, 4+ години

Откријте повеќе за светот на ТУКОНИ - волшебните, меки, мили жители на шумата, свет кој го создава една од најдобрите украински авторки и илустраторки, Оксана Була. Свет во кој сите учиме како да се грижиме за шумите, за природата, за живиот свет и за нашата планета.

Тукони не се само ликови во книги, за нив има филмови, игри и други интересни нешта.

За авторката:

Оксана Була е родена во Лавов, Украина. Студирала на Националната академија за уметности во Лавов, со фокус на уметноста на стакло, а самостојно ја совладала техниката на сликање со акварел и илустрирање на книги. Учествувала на изложби во Украина и во други земји. Има добиено повеќе награди за своите книги. Со создавањето на Тукони – љубезни и внимателни шумски жители – таа гради свој прекрасен и чудесен свет. Оксана живее и работи во Украина.

За преведувачката:

Вера Чорниј-Мешкова е родена на 25 април 1963 год. во Инѓија, Војводина, Србија. Има завршено план и анализа на економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, украински јазик и украинска книжевност на Институтот за украинска филологија при НПУ „М. П. Драгоманов“ во Киев, магистратура по украински јазик и книжевност на Институтот за украинска филологија на истиот универзитет, како и докторски испити на филолошкиот факултет на КНУ „Тарас Шевченко“. Докторанд е на Одделот за украински јазик на филолошкиот факултет при КНУ „Тарас Шевченко“ и на Институтот за уметност, фолклор и етнологија „М. Т. Рилскиј“ на НАН на Украина. Во академската 2013/2014 година таа го отвори првиот украински лекторат на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што предава украински јазик, украинска книжевност и украинска култура и цивилизација.

Возраст: 4+

Авторка и илустраторка: Оксана Була

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од украински јазик: Вера Чорниј-Мешкова

Категорија/жанр: сликовница, книга за деца

Едиција: Млади приказни од стариот континент

Формат: 218x290 mm

Повез: тврд

Број на страници: 44

ISBN: 978-608-5012-26-8

Година на издавање: 2026

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
View full details