ВЕЧНАТА МУВА
ВЕЧНАТА МУВА
SKU:Шифра: 30165
In stock
Couldn't load pickup availability
ВЕЧНАТА МУВА
Графички роман, белетристика
|
Познатиот графички роман „Вечната мува“ (односно, трагикомикс) на наградуваниот бугарски писател Георги Господинов и уметникот и илустратор Никола Тороманов, конечно на македонски јазик. Графичкиот роман на една вечна мува со еден непостојан свет. Тајната историја на светот и на уметноста раскажана од неа: радикална промена на точките на гледање. По неа не е сосема сигурно дали Земјата се врти околу човекот. Следи ја мувата... |
|
За авторот: Георги Господинов (1968) е автор на книги со проза и поезија, носител на меѓународната награда „Букер“ за романот „Засолниште во времето“. Првата мува се појавува во неговата дебитантска збирка песни „Лапидариум“. Со излегувањето на „Природен роман“ мувата станува меѓународна. Потоа ја гледаме како прозујува и во неговите други стихозбирки, во збирките раскази и во романите „Физика на тагата“, „Засолниште во времето“ и „Градинарот и смртта“. Сите негови книги се преведени на македонски и на уште 35 јазици. Носител е на меѓународните литературни награди: Стрега (Premio Strega Europeo) во Италија, Јан Михалски во Швајцарија, Виленица во Словенија и други. „Слепата Вајша“, кратка анимација според истоимениот расказ (во режија на Т. Ушев), влегува во финалните номинации за наградите „Оскар“, 2017.
Живее и работи во Софија, заедно со други муви.
За илустраторот: Никола Тороманов (1968) е сценограф и уметник. Автор на визуелните решенија на над 70 театарски претстави во Бугарија, Македонија, Германија, Русија, Турција и др. Има неколку изложби: „Слики од изложба“, по Муворгски; „Fe-mail“, поштенски картички до дванаесетина претставнички на понежниот пол; „Бестијарии“, каде што го открива задоволството од контактот со животни. Му претстои да се посрамоти и во овој проект наречен „Вечната мува“. Со мувата се запознава преку Г. Г. и од 2005 година активно се дружи и работи со неа. Во текот на овој период Н. Т. нацртал неколку десетици илјади муви и со право има намера да конкурира за Гинисовата книга на рекорди во овие категории.
За преведувачот: Душко Крстевски (1981) е поет, преведувач и книжевен рецензент. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што моментално е магистранд по македонска литература. Застапен е во неколку антологии на македонската млада поезија. Преведува од бугарски јазик, како за домашната културна сцена така и во рамките на интернационалниот проект „Across Europe“. Моментално работи како професор по македонски јазик и литература во Меѓународните училишта НОВА во Скопје. Автор е на книгата „Алхемија на 21 век“ и на голем број есеи објавени во периодиката. |
|
Автор: Георги Гоподинов Илустрација: Никола Тороманов Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Превод од бугарски: Душко Крстевски Едиција: ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза) Категорија/жанр: графички роман, белетристика Формат: 238 х 323 mm Повез: тврд Број на страници: 80 ИСБН: 978-608-4938-81-1 Година на издавање: 2025 |

Сподели

