Издаваштво - Автори

Билјана С. Црвенковска

Билјана С. Црвенковска

// Писател и Преведувач

Билјана Црвенковска, писателка, сценарист и преведувач, магистер по филозофски науки. Автор е на повеќе романи и илустрирани романи за деца: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот”, „ТКЦП: Замокот на илјада мачки” и „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград”. Автор е и на голем број сликовници и книги со активности, особено сликовниците од серијалот „Светот на Биби”: „Биби, Боби и куќичката од чоколадо”, „Биби и џиновите”, „Биби, Боби и змејот”, „Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро”, „Биби, Боби и непослушното јајце”, „Книга на знаења”, „Моите омилени места”, „Светот на Биби од А до Ш”, „Скриената долина”…

Од книгите кои не се за деца, автор е на еден роман „Девет приказни за госпоѓица Сит”, на графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта”, на стручниот труд од областа на семиотиката: „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе научни есеи и трудови, театарски критики, новинарски текстови и колумни.

Црвенковска е автор на сценаријата за анимираните филмови од серијалот „Светот на Биби”, а еден од сценаристите е и на сериите за деца „Пет Плус фамилија” и „Зоки Поки”.

← Назад кон Автори