Моја листа

Прејдете на содржината

Добредојдовте во нашата е-продавница!

-10% на прва нарачка ! Купон при плаќање: DOBREDOJDE-10

Бесплатна испорака за нарачки од 2000+ ден.

Услови за испорака

 

Рок на испорака

По потврдата, нарачката влегува во статус на обработка. По обработка на нарачката, ќе бидете известени за статусот на Вашата нарачка преку електронска пошта.

Периодот за обработка на нарачката е од 2 работни дена. За сите нарачки направени во петок и за време на викенд, периодот за обработка започнува првиот работен ден од следната работна недела. Од тој момент, рокот на испорака е од 2 до 5 работни дена.

Преземање на пратката

Курирската служба ги испорачува пратките на адресата за испорака во период од 08 до 16 часот. Ве молиме, осигурете се на адресата да има лице што може да ја прими пратката во овој период. При приемот на пратката, потребно е визуелно да го прегледате пакетот за да нема видливи оштетувања. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот може да биде оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нè, со јавување на телефонски или преку електронска пошта info@cudnasuma.com. Доколку пратката е навидум неоштетена, слободно преземете ја пратката и потпишете се на испратницата на курирот. Курирот се обидува да ја врачи секоја пратка двапати. Вообичаена практика е доколку курирот не ве најде на адресата, да ви се јави на телефонскиот број што го имате оставено при креирањето на нарачка и да договори нов термин на испорака. Ако и тогаш не ве најде на адресата, пратката ќе ни биде вратена нам. По приемот на пратката, ќе ве контактираме за да ја утврдиме причината зошто не е врачена и да се договориме за повторно праќање.

НАПОМЕНА: Курирската служба врши достава само до прва влезна врата, и може да ве почека максимум 15 минути.

Цена на испорака

Испораката до домашна адреса за сите нарачки чиј износ е 2000 денари или повеќе е бесплатна. Доколку вредноста на нарачката е помала од 2000 денари, цената на испорака ќе биде 180 денари со вклучен ДДВ.

ЗАБЕЛЕШКА:

Со потврдување на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за испорака.

Со почит,

ЧУДНА ШУМА ДООЕЛ СКОПЈЕ