Принт студио
Во уметничкото принт студио ЧУДНА ШУМА АРТ печатиме FineArt (giclée) принт на Cannon пигментни плотери, на голем избор FineArt и фото-хартии и платна. Нашето FineArt принт студио е прво сертифицирано принт студио на Hahnemühle во регионот, здобивајќи се со златен сертификат за квалитет.
Hahnemühle цели да ги наградува принт студијата кои се посветени да постигнат совршенство во процесот на печатење, кои имаат постојан квалитет на печатење и извонредна услуга со Hahnemühle инкџет хартиите. Мрежата од најдобрите принт студија насекаде низ светот им овозможува поддршка на фотографите и уметниците во пронаоѓањето и изборот на најдобриот партнер за печатење, како и помош при избор на најсоодветните хартии.
Предностите на сертифицираните студија на Hahnemühle се:
- сите сертифицирани студија се проверени, обучени и сертифицирани од страна на експерти на Hahnemühle, според најстроги критериуми;
- сите принт студија можат да дадат најдобри совети за карактеристиките, квалитетот и разновидноста на Hahnemühle FineArt портфолиото;
- сите студија имаат имплементирано комплетен Colour Management систем, или со сопствени ICC-профили или со ICC-профили создадени од Hahnemühle;
- сите студија имаат знаење и умешност да гарантираат професионално и првокласно печатарско искуство.
ПЕРСОНАЛИЗИРАНО ПЕЧАТЕЊЕ
Закажување за печатење и презентација на материјалите на:
info@cudnasuma.com
077 719 579
070 250 244
НАСКОРО!!
Во подготовка е онлајн платформа за нарачки за печатење.
