Колекција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)


ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза)“ е проект за превод и циркулација на книжевни дела, започнат во октомври 2023 година. Проектот промовира транснационално преведување и циркулација на квалитетни и наградувани европски прозни книжевни дела за три читателски публики (деца, млади и возрасни читатели), главно од помали и помалку застапени јазици.
ПЛАНЕТА НАДЕЖ се фокусира на релевантни и горливи прашања и теми кои го засегаат целото општество, а особено кога се насочени кон оние кои ја претставуваат неговата иднина – младата популација. Проектот вклучува 5 партнери – издавачи од 4 европски земји: Македонија („ИД-Концепт“ - дел од Издавачката групација „Чудна шума“ и издавачката куќа „Гаврош“), Германија („Мителдојчер ферлаг“ – Mitteldeutscher Verlag), Хрватска („Ибис графика“ – Ibis grafika) и Словенија („КУД Содобност“ – KUD Sodobnost).
Проектот подразбира превод, циркулација и дисеминација на 16 книги, поделени по:
- Возрасни групи: деца, млади и возрасни
- Релевантни и горливи теми:
а. човекови права, родова еднаквост, феминизам, слобода,
б. инклузија и прифаќање на различностите, и
в. свесност за климатските промени и грижа за животната средина.
Книгите се преведуваат од 10 различни јазици: македонски, хрватски, словенечки, хрватски, бугарски, германски, албански, украински, турски и холандски, на 4 јазици на партнерите од проектот: македонски, хрватски, словенечки и германски. Преводите на книгите се дело на 10 врвни, наградувани преведувачи.
Повеќе за проектот ПЛАНЕТА НАДЕЖ ↗
Дела објавени во рамки на проектот „ПЛАНЕТА НАДЕЖ“:
-
Автор / Бренд:Иван Андрусјак
28 ДЕНА ОД ЖИВОТОТ НА БУРУНДУК
Редовна цена 400 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 400 ден. -
Автор / Бренд:Rudina Çupi
SHTËPIA E GUDULISUR
Редовна цена 300 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 300 ден. -
Автор / Бренд:Георги Господинов и Никола Тороманов
ВЕЧНАТА МУВА
Редовна цена 1,800 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / за1,800 ден.Продажна цена 1,800 ден. -
Автор / Бренд:Ива Безиновиќ–Хејдон
КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН
Редовна цена 600 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 600 ден. -
Автор / Бренд:Мимоза Хиса
ЌЕРКИТЕ НА ГЕНЕРАЛОТ
Редовна цена 400 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 400 ден. -
Автор / Бренд:Елке Лоренц
МОЌНИ ЗБОРОВИ
Редовна цена 450 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / за400 ден.Продажна цена 450 ден. -
Автор / Бренд:Евалд Флисар
ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ
Редовна цена 400 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / за400 ден.Продажна цена 400 ден. -
Автор / Бренд:Рудина Чупи
СКОКОТЛИВАТА КУЌА
Редовна цена 300 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 300 ден. -
Автор / Бренд:Асије Јилдирим
ХРАБРОТО СРЦЕ ХЕРМИТ
Редовна цена 650 ден.Редовна ценаЕдинечна цена / заПродажна цена 650 ден.
