Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Евалд Флисар

ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ

ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ

Шифра: :Шифра: 2531422211

Повез
Редовна цена 400 ден.
Редовна цена Продажна цена 400 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

ПОГЛЕДНИ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ

Романи и романи за млади, 14+ години

Погледни низ прозорецот. Го гледаш непознатиот човек како се потпира на дрвото и гледа кон вашата куќа? Во недела луѓето обично на гости доаѓаат околу пладне, никогаш не толку рано. Мама и тато сè уште спијат. Те обзема страв.
Не насетуваш дека непознатиот ќе ти го преврти животот наопаку. Не можеш ни да претставиш дека ќе го изгубиш најдобриот пријател и дека судбината набргу ќе ти донесе нов пријател. И дека со него ќе појдеш на долго, опасно патување.
Ќе најдеш ли во себе место за неговиот слон? Ќе најде ли тој во себе место за твоето прасе? Ќе склучат ли твојот бог и неговиот бог примирје? Како ќе се расплете играта на судбината од која не можеш да избегаш?


Толку многу неизвесности! Толку многу прашања!


Одговорите се овде. Во книгава. Отвори ја и почни да читаш.

За авторот:

Евалд Флисар (1945) е повеќекратно наградуван словенечки автор, меѓународно изведуван драматург и е најпреведуваниот словенечки писател, чии дела се објавени на 40 јазици. Извесен период живеел во Велика Британија, каде што работел како уредник и драматург, а од 1990 година живее во Љубљана. Работел како главен уредник на „Современост“, словенечко списание за книжевност, и седум години бил претседател на Словенечкото друштво на писатели.

Флисар пишува драми, книги за деца и млади, есеи, патописи, кратка проза. Автор е и на дваесетина романи, меѓу кои се издвојуваат: „Помошникот на волшебникот“ (1986), „Маѓепсаниот Одисеј“ (2003), „Набљудувач“ (2009), „Соништата на татко ми“ (2001) итн. Флисар е добитник на наградата на Фондацијата „Прешерн“, највисоката државна награда за литература, наградата „Жупанчич“ за животно дело, три награди за најдобра драма на годината и 18 номинации за книжевни награди. Меѓу странските награди се италијанската „Ла Магна Капитана“ и Македонската меѓународна награда ПРОЗАРТ. Тој е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

За преведувачот:

Дарко Спасов е универзитетски дипломиран филолог и магистер по драматургија од Кочани. Преведува книги за деца и за возрасни веќе дваесет и пет години и досега превел над 80 прозни, драмски, поетски и театролошки дела од словенечки, но и од англиски на македонски јазик. Меѓу нив се вбројуваат авторите: Тадеј Голоб, Вероника Симонити, Драго Јанчар, Петер Светина, Марко Сосич, Броња Жакељ, Евалд Флисар; Станка Храстељ, Цветка Бевц, Питер Брук, Деклан Донелан; Сигфрид Мелхингер, Михаил Александрович Чехов, Нејц Заплотник, Андреј Розман Роза, Винко Модерндорфер, Сузана Тратник, Себастијан Прегељ, Нил Сајмон, Петер Резман, Томаж Космач, Иван Добник, Барбара Хануш... За превод на пиесата „Брана“ од Конор Мекферсон во 2019 г. ја добива втората награда на Еуродрам.

Возраст: 14+ години

Автор: Евалд Флисар

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од словенечки: Дарко Спасов

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Категорија/жанр: книга за млади; роман за млади; роман

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 228

ИСБН: 978-608-4938-95-8

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали