Кафе-книжарница и галерија Чудна шума

„Чудна шума“ е издавачка куќа, кафе-книжарница и продавница за уметнички материјали, галерија, уметничко принт студио, простор за книги и уметност, за читање, творење, талкање, сонување...

„ЧУДНА ШУМА“ од Скопје се состои од:

1. Издавачките куќи ИД-КОНЦЕПТ/ЧУДНА ШУМА и ЧУДНА ШУМА ЈУНИОР
2. Кафе-книжарницата „Чудна шума“
3. Уметничката галерија „Чудна шума“
4. Уметничкото (FineArt) принт студио „Чудна шума“

  • → 2013

    Во 2013 година, беше основано ИД-Концепт како студио за фотографија, илустрација и дизајн.

  • → 2018

    Во 2018 година, почнавме со објавување на нашите први изданија.

  • → 2020

    Во 2020 година, го основавме првото електронско списание за литература за деца во Македонија – „Чудна шума“, кое има за цел да ги промовира читачките навики.

  • → 2023

    Во 2023 година, беше отворена кафе-книжарницата „Чудна шума“ – нов, свеж простор за децата, младите и за сите читатели, автори, илустратори, преведувачи, книжевни критичари и букблогери.

  • → 2024

    Во 2024 година, ја основавме издавачката групација ЧУДНА ШУМА со отворање на помалата издавачка куќа ЧУДНА ШУМА ЈУНИОР, која функционира како независно издаваштво со посебен уредувачки тим, посветен на издавање илустрирани книги, сликовници, уметнички книги и монографии.

  • → 2024

    Подоцна во 2024 година, беше основано уметничкото (FineArt) принт студио ЧУДНА ШУМА АРТ.

  • → 2025

    Во 2025 година, се проширивме во нов, посебен простор веднаш до нашата книжарница – специјално дедициран за уметничката галерија „Чудна шума“ – простор за уметност, изложби, промоции на книги и настани.

Контакт

Чудна шума

info@cudnasuma.com
biljana.crvenkovska@id-concept.mk