1 од 4

Издаваштво

ИЗДАВАЧКАТА ГРУПАЦИЈА „ЧУДНА ШУМА“ од Скопје се состои од две издавачки куќи:

1. ИД-КОНЦЕПТ / ЧУДНА ШУМА

2. ЧУДНА ШУМА ЈУНИОР

Нашата мисија е да создаваме и издаваме висококвалитетни книги за македонската читателска публика, особено изданија за деца и млади. Ова го правиме преку промовирање на најдобрите автори и илустратори за деца, како и реномирани писатели и поети од Македонија, и со преведување на важни и наградувани книги на македонски јазик.

Целта ни е да промовираме квалитетни книги кои се забележани и препознаени од македонската јавност и медиумите. Имаме освоено бројни македонски книжевни награди и признанија или сме биле номинирани/во потесен избор за нив (на пр. 2 пати финалисти за наградата „Роман на годината“, 3 пати прва награда за најдобра книга за деца меѓу два саема на книга), а сме се закитиле и со меѓународни признанија како што се „White Ravens“ и регионалниот избор „Штефица Цвек“.

Многу од книгите на домашни автори се веќе преведени на неколку јазици. Се фокусираме на промовирање на македонски реномирани и наградувани автори и илустратори, и работиме со најдобрите, наградувани преведувачи.

Издаваштво ИД-Концепт

ИД-Концепт / Чудна шума – белетристика (романи, кратки раскази, поезија, жанровска фикција), изданија за деца и млади (сликовници, илустрирани романи, романи за млади и тинејџери, young adult), графички романи и стрипови, публицистика... Книги од македонски и светски автори.

Изданија од ИД-Концепт →

Издаваштво Чудна шума

Чудна шума јуниор – илустрирани изданија: сликовници, графички романи, илустрирани книги и стрип, уметнички книги и монографии.

Изданија од Чудна шума →

Проект YES - Young European Stories

„Кажи YES за добра книга!“ е мотото на проектот „Млади европски приказни (Young European Stories)“ – проект за превод, објавување и промоција на европски книжевни дела за деца и млади.

Проект YES →

ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза)

„ПЛАНЕТА НАДЕЖ (Нова европска проза)“ е проект за превод и циркулација на книжевни дела кој промовира превод и циркулација на квалитетни и наградувани европски прозни книжевни дела за три читателски публики: деца, млади и возрасни читатели.

Проект ПЛАНЕТА НАДЕЖ →

Foreign Rights

Take a look at our Foreign Rights catalogue!