БЕЗЗБОРОВНАТА ЕЛА / е-Книга
БЕЗЗБОРОВНАТА ЕЛА / е-Книга
Шифра: :Шифра: 30113е
Мала залиха
Не може да се вчита можност за преземање
БЕЗЗБОРОВНАТА ЕЛА / е-Книга
Сликовници, книги за деца, 5+ години
|
Приказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас. Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет? Книгата е дел од каталогот „The White Ravens“ на 200 најдобри книги за деца и млади за 2016 година. |
|
За авторката: Викторија Патрашку е родена во Рамнику Валчеа. До својата шеста година владееше со Земјата Од Зад Зградите. Со граници помеѓу собирачот на отпадоци во облик на полжав, „железото“ за тресење теписи и кафетеријата „Широки прозорци“. Беше мудра владетелка. Можеше да стои на глава цела минута и пол, да фаќа полноглавци со голи раце и да зборува на јазикот на мачките скитнички. Потоа требаше да оди на училиште. Со години. И заборави многу нешта од оние што ги знаеше. Потоа работеше во печатот и заборави и некои други нешта. Денес живее во една друга земја, без граници, во која жители се нејзините ликови: Дапко, Лутко и Плетко, баба Берта и чудовиштето Меурко. Има и други, но за нив ќе дознаете тогаш кога ќе дојде време за тоа. Таму ги пронајде сите нешта што ги беше изгубила. Кога се телепортира во Букурешт, ѝ се допаѓа да шета со трамвајот број 32, да прислушкува што зборуваат луѓето и да пишува приказни. За илустраторката: Некогаш одамна имаше едно самотно дете кое со светот се среќаваше најчесто на хартија. Листот хартија се претвораше во кралство, а неговото населување со знаци, бои и ликови – беше обид исто толку сериозен како и животните случки од секојдневието. Со внатрешни битки, победи и откритија што нудеа парче дополнителен живот во којшто можеше повторно да се соберат малите и големите (не)случени случки или можеше да се побегне во поубава приказна. Пределот на врвот од моливот е исто толку фасцинантен и денес за Кристијана Раду, а господинот Молив ѝ остана добар другар. И понатаму си игра со него, на хартија, помеѓу страниците на книгите или врз ѕидовите на оние што го сакаат тоа. Приказните однатре решија, со негова помош, да излезат во светот, исто како зборовите на Ела. За преведувачката: Лидија Димковска (1971, Скопје) објавила седум поетски збирки: „Рожби од Исток“ (1992, заедно со Борис Чавкоски), „Огнот на буквите“ (1994), „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009), „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021); четири романи: „Скриена камера“ (2004), „Резервен живот“ (2012), „Но-Уи“ (2016) и „Единствен матичен број“ (2023); американскиот дневник „Отаде Л.“ (2017) и збирката раскази „Кога заминав од Карл Либкнехт“ (2019). Нејзините книги се преведени на шеснаесет јазици. Ги добила наградата за дебитантско поетско дело, двапати наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“, наградата на Европската унија за литература за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечката „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската награда за поезија „Наим Фрашери“, наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка за „Гранична состојба“ и други. Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“ како за поезија така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“, за меѓународната „Балканика“ и за словенечката награда „МИРА“. Уредила четири антологии. Преведува од романски и словенечки јазик на македонски. |
Возраст: 5+ години
|

Сподели

