Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
  • Hahnemühle

БЛОК / ХАРТИЈА ЗА ТУШ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE SUMI-E

БЛОК / ХАРТИЈА ЗА ТУШ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE SUMI-E

Шифра: :Шифра: 190542

Формат и број на листови
Редовна цена 960 ден.
Редовна цена Продажна цена 960 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

HAHNEMÜHLE SUMI-E

Хартија за туш, акварел, гваш

Hahnemühle Sumi-e е специјална хартија за јапонско сликање со четка и мастило во слободен стил, наречено Sumi-e. „Суми“ значи „црно мастило“, додека „е“ значи и „патека“ и „сликање“. Стилот на ова сликање со четка (или калиграфска четка) е едновремено едноставно и врвно естетско сликање со моќни, брзи линии. Трпението и внатрешната хармонија се клучни за со четката да се долови есенцијата на субјектот. Според тоа, Sumi-e не е само азиска сликарска техника, туку и форма на духовна релаксација. Sumi-e сликањето настанало во 5 век од кинеската калиграфија, а главните теми се инспирирани од природата. Во 12 век, јапонските Зен калуѓери ја донеле техниката во Јапонија, за денес таа да биде практикувана насекаде.

Hahnemühle Sumi-e е тенка, ладно пресувана 80 грамска хартија со природна бела боја и со висока моќ за апсорбција. Освен со мастило, на неа можете да сликате и со акварел и гваш, или да правите комбинации. Можностите се неограничени: истражувајте, експериментирајте, а не заборавајте дека со Sumi-e можете и да се релаксирате по напорниот ден.

Спецификација:

Хартија за туш и водени техники, ладно пресувана

Формат и број на листови: 

- Хартија, 24 x 32 cm / 20 листа

- Табак, 50 x 65 cm / 1 лист

Грамажа: 80 gr/m2

Боја: природно бела

Техника: туш, акварел, гваш

Повеќе детали