БРАНОВИ / е-Книга
БРАНОВИ / е-Книга
Шифра: :9786085058037
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
БРАНОВИ / е-Книга
Графички роман, белетристика
|
„Бранови“ е приказна за една млада жена чијшто живот целосно ќе се промени откако таа ќе забремени, ќе претрпи ужасна загуба и ќе сфати дека мора да се соочи со суровата реалност доколку сака да го сочува својот живот. Внимателно раскажан и прекрасно илустриран, „Бранови“ е добитник на наградата „Харви“за најдобар европски графички роман. |
|
За авторката: Ингрид Шабер е авторка на стотина илустрирани книги за деца и млади. Бранови е нејзиниот прв графички роман, инспириран од нејзината лична приказна. Живее во Каркасон, со својата сопруга и нивните кучиња. За илустраторката: Карол Морел е илустраторка која својот прв стрип Како кај тебе дома го објавила во 2013 г. По три години излегуваат Луиза овде и онде, за кој ја добива наградата за најдобар графички роман на странски јазик на Меѓународниот фестивал на стрипот во Алжир и Апокалипса според Магда по текст на Клое Волмер-Ло, кој ја добива наградата „Артемизија Авенир“. Во 2017 работи на „Бранови“, чијшто превод на англиски јазик ја добива наградата „Харви“ за најдобар европски стрип. За преведувачката: Елисавета Поповска е професорка по француска и франкофонски книжевности и култури на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиниот потесен интерес се однесува на современата француска литература – автобиографија, автофикција, поетика на трагата, делото на Маргерит Јурсенар. Авторка е на повеќе теориско-критички и есеистички студии, како и уредничка на изданија и стручни списанија. Преведува од француски на македонски јазик – книжевни дела (Жид, Де Лакло, Даријесек, Ерно), дела од областа на хуманистичките науки и книжевната критика (Дерида, Кристева, Компањон), а прави и препеви на песни за изданијата на „Струшките вечери на поезијата“. Двапати ја добила наградата „Божидар Настев“ за најдобар превод на годината: во 2010 година за романот „Подрумите на Ватикан“ од Андре Жид и во 2013 година за романот „Опасни врски“ од Шодерло де Лакло. |
|
Автори: Ингрид Шабер и Карол Морел Издавач: Арт Конект Едиција: Најтоплата боја Наслов на оригиналот: Écumes / Ingrid Chabbert & Carole Maurel Преведувачка: Елисавета Поповска Број на страници: 94 Формат: е-книга Година: 2024 ISBN: 978-608-5058-03-7 |

Сподели

