Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Едвард ван де Вендел

ДЕНОВИ НА БЛУГРАС-ЉУБОВ / е-Книга

ДЕНОВИ НА БЛУГРАС-ЉУБОВ / е-Книга

Шифра: :Шифра: 30131e

Медиум
Редовна цена 400 ден.
Редовна цена Продажна цена 400 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

ДЕНОВИ НА БЛУГРАС-ЉУБОВ / е-Книга

Книги за млади, романи за млади, 17+ години

Нежна, интензивна и незаборавна приказна за првата љубов.

Тихо Зелинг живее обичен живот, без грижи и тешкотии, без возбуди и авантури. Сѐ во него − школото, другарите, девојките, плановите за иднината − едноставно… се случува. Како филм кој го пушта да тече, но не го режира. 

Затоа и решава да промени нешто. Лета за Америка за да го помине летото како помлад асистент во меѓународен летен камп за деца. Таму го сретнува Оливер, уште еден асистент од Норвешка.

И тогаш Тихо ќе почувствува како животот да му запрел и како одново да почнува, овој пат онаков каков што тој би сакал да биде. 

„Денови на Блуграс-љубов“ е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Како роман за млади кој веќе се смета за европски класик, но истовремено револуционерен − поместувајќи ги границите и рушејќи ги табуата − сега првпат е достапен и за македонската читателска публика.

За авторот:

Едвард ван де Вендел е неуморливо плоден и многунаградуван холандски писател. Автор е на стотина разновидни книги за деца и млади (романи, сликовници, стихозбирки, спортски годишници, хроники, графички новели) и преведувач на уште барем толку, од неколку европски јазици (англиски, француски, шпански). За својот опус ја има добиено наградата „Тео Тајсен“ (2024), највисокото холандско признание за автор на детска книжевност. Влезен е и во потесниот избор за двете највидни светски награди во областа: наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ (2024) и меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (петкратно номиниран).

За преведувачката:

Ели Пујовска има преведено над седумдесет дела од холандски и од фламански јазик на македонски. Добитник е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината за преводот на романот Розата и вепарот од Ане Провоуст. Учесник е во голем број проекти за книжевен превод реализирани со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија. Уредник е во издавачката куќа АНКХ.

Возраст: 17+ години

Автор: Едвард ван де Вендел

Илустрација на корица: Хари Дудески

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Превод од холандски: Ели Пујовска

Категорија / жанр: книга за млади, роман за млади

Медиум: е-книга

Формат: .epub

Број на страници: 184

ISBN: 978-608-4673-29-3 (е-книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали