Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Дора Гимеши

ДЕВЕТТИОТ ЖИВОТ НА ПРИНЦОТ НА МАЧКИТЕ / е-Книга

ДЕВЕТТИОТ ЖИВОТ НА ПРИНЦОТ НА МАЧКИТЕ / е-Книга

Шифра: :Шифра: 30115e

Медиум
Редовна цена 700 ден.
Редовна цена Продажна цена 700 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

ДЕВЕТТИОТ ЖИВОТ НА ПРИНЦОТ НА МАЧКИТЕ / е-Книга

Бајка, илустрирана бајка за деца, 7+ години

ЗНАЕШ ЛИ дека стариот чинар во Градскиот парк, всушност, се вика г-ѓа Завоцка и дека е вдовица? Можно е дури и да почне да раскажува за љубовта на Камениот принц и Водната самовила, љубовта што го запрела времето во Будимпешта и сета ја исполнила со среќа. Но, не само дрвјата во Градскиот парк туку и оние на брегот од Тиса знаат да раскажуваат за многу нешта: за Пролетната самовила и Принцот на мачките, за чесната и ветрогонот кои, и покрај сите неволи, сепак ги поврзува некој невидлив конец што ни смртта не може да го скине.

Како што се спојуваат љубовниците, така во бајките на Дора Гимеши и во илустрациите на Каталин Сегеди се спојуваат хуморот и емоциите, светот на секојдневието и светот на лирската имагинација.

Препорачано за сите од седум години, па нагоре, за тинејџери и тинејџерки, дури и за возрасни кои си дозволуваат да бидат понесени од силата на бајките и многуте лица на љубовта.

За авторката:

Дора Гимеши е писателка, сценаристка, драмска писателка и режисерка од Сегедин, Унгарија. Дипломирала на отсекот театарски студии на Универзитетот за театар и филм, специјализирајќи адаптации за куклен театар. Работи како драматург во куклениот театар во Будимпешта. Признаена како иноватор во современото кукларство, таа има добиено многубројни театарски награди. Нејзината книга „Деветтиот живот на принцот на мачките“ ја доби наградата HUBBY книга за деца на годината. Таа е и една од авторките на серијата „Временски тркач“ (Idofut.r), која е многу популарна меѓу тинејџерите.

За илустраторката:

Каталин Сегеди е илустраторка и повеќекратна добитничка на наградата Најубава унгарска книга и добитничка на наградата Илустратор на годината во 2005 година. Таа добила многу меѓународни признанија и била номинирана за наградата „Астрид Линдгрен“ во 2010 година. Нацртала илустрации за многу книги, а некои од нив се преведени и објавени на повеќе јазици, меѓу кои и шведски, полски, француски, холандски и македонски.

За преведувачот:

Златко Панзов е роден во 1979 година во Гостивар, Македонија. Дипломирал на групата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, магистрирал на културологија на Институтот за македонска литература на тема „Исток и запад – осиромашување на човековиот дух во делата на Бела Хамваш“. Докторанд е на Докторската школа за литература при Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта. Предмет на неговите интереси и истражувања е историографската метафикција во македонскиот и унгарскиот современ роман. Работел како професор по македонски јазик, а од 2003 година активно се занимава со литературен превод. Работи како лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта. Досега објавил над четириесет преводи од унгарски јазик за повеќе издавачки куќи. Преводи на дела од Бела Хамваш, Адам Бодор, Ноеми Сечи, Петер Надаш, Шандор Мараи, Ѓерѓ Конрад, Деже Костолањи, Кристина Тот, Иштван Еркењ, Ференц Молнар, Михаљ Бабич, Ласло Краснахоркаи, Атила Бартиш, Ѓерѓ Драгоман, Едина Сворен, Бенедек Тот, Петер Естерхази, Ноеми Киш, Ѓерѓ Шпиро, Тибор Дери и др., заедно со Анамарија Цинеге-Панзова ја приредиле и ја превеле Антологијата на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“, зборникот „За македонскиот јазик“, избор на текстови од Блаже Конески и Крсте Петков Мисирков, објавен по повод сто години од раѓањето на Блаже Конески и зборникот „Македонски книжевно-историски мозаик“ (2023), избор на текстови од реномирани македонски книжевни теоретичари. Зборниците се објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia“ на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Во 2023 година ја добива наградата за книжевен превод „Драги“ за преводот од унгарски јазик на романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро.

Возраст: 7+ години

Aвтор: Дора Гимеши

Илустрации: Каталин Сегеди

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од унгарски јазик: Златко Панзов

Категорија/жанр: илустрирани бајки за деца

Едиција: YES – Млади европски приказни

Медиум: е-книга

Формат: .pdf

Број на страници: 56

ISBN: 978-608-4673-17-0 (е-книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали