Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Штефани Хефлер

ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА / е-Книга

ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА / е-Книга

Шифра: :Шифра: 30123е

Медиум
Редовна цена 400 ден.
Редовна цена Продажна цена 400 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА / е-Книга

Книги за млади, романи за млади, 11+ години

Кога Бен и неговиот помал брат ќе се разбудат еден сончев октомвриски ден, мајка им е мртва. Бен раскажува за деновите што следуваат, за шокот, за тоа како се чувствуваш кога ќе се соочиш со смртта и како секој член на семејството реагира различно на неа. Тој се сеќава на неочекуваните изливи на бес на мајка му или на тоа како сакала да се искачува на дрвја – и да најде утеха во еден обичен пердув кој долетува од небото.

Приказна за несфатливото, за интензитетот на чувствата, за блискоста, утехата и враќањето на самодовербата.

„Смртта е како замавнување со крилја, беше рекла еднаш Ма. Сакаше вакви изреки. Како замавнување со крилја на голема црна птица, која прелетува, а нејзината сенка паѓа кратко врз оној што случајно седи долу и малку подолго врз оние што можеби тукушто стигнале таму.“

За авторката:

Штефани Хефлер, родена во 1978 година во близината на Штутгарт, Германија, завршила германски, англиски и скандинавски студии во Фрајбург, Германија, и во Данди, Шкотска. Работела како учителка и театарски едукатор. Со семејството живее во Шварцвалд, Германија.  Нејзиниот прв роман за деца и млади е »Mein Sommer mit Mucks« („Моето лето со Мукс“), во 2015 година, за кој ја добила наградата за млади писатели на германската Академија за литература за деца, а во 2016 година била номинирана за престижната Deutscher Jugendliteraturpreis (Германската награда за литература за млади) во категоријата литература за деца.  Нејзиниот роман »Der Tanz der Tiefseequalle« (2017; „Танцот на Длабокоморските медузи“), исто така беше номиниран за Deutscher Jugendliteraturpreis, а ја доби и наградата LUCHS во 2017 година.

За преведувачката:

Возраст: 11+ години

Автор: Штефани Хефлер

Илустрација на корица: Хари Дудески

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Превод од германски: Ксенија Чочкова

Категорија/жанр: книга за млади, роман за млади

Медиум: е-книга

Формат: .epub

Број на страници: 168

ИСБН: 978-608-4673-29-3 (е-книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали