ТИВКА ВОЈНА
ТИВКА ВОЈНА
Шифра: :Шифра: 30159
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ТИВКА ВОЈНА
графички романи
|
„Во големата и празна пустина која ја мапира стрип-сцената во нашата земја, графичката новела „Тивка војна“ на Методија Стојановски е оазично откровение, изобилувајќи со сочни, хранливи плодови и питки, бистри и слатки нектари, задоволувајќи ги високите вкусови на Уметноста. Длабоката и филозофска приказна, раскажана во метафорична форма, преку умешноста на нејзиното преносно значење нѐ поврзува со главниот карактер, во кој ќе го пронајдеме алтер егото на самиот автор, но и на секој од нас лично. Приказната ќе не соочи со нашите длабоки стравови, дилеми, сомнежи, слабости и навики, кои се причина за нашите постапки и кои, пак, нѐ заробуваат во темните, р’ѓосани зандани на нивните последици. Главниот карактер во стрипот ја води таа интровертна војна за себе, а преку тоа и за нас, користејќи се себеси како аватар на нашето сопствено Јас. Визуелната реализација во стрипот изобилува со исклучителна умешност, сочинета со питомата и мајсторски извезена линија на Методија, оплеменета со тонските градации, точно доловувајќи ни ја атмосферата во која треба да не втурне магијата на нарацијата, трпеливо и внимателно хранејќи не залак по залак низ приказната. Методија, третирајќи го читателот како љубопитен авантурист низ неговото волшебно патување, понекогаш ведро низ благите зраци на вешто дозираниот хумор, но и возбудливо адреналински низ најтемните одаји на стравот и ужасот, гарантира автентично и незаборавно искуство низ мистичните турбуленции на психолошката војна која ја водиме со себеси, со нашето минато, сегашност и иднина. Преку стрипот, правејќи го тоа тивко и нечујно, судирајќи се со нашата сопствена тивка војна.“ - Антонио Аранѓеловиќ, рецензент |
|
Автор: Методија Стојановски Илустрации: Методија Стојановски Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Категорија/жанр: книга за млади; графички роман Формат: B5 Повез: мек Број на страници: 120 ИСБН: 978-608-4938-09-5 Година на издавање: 2025 |
Сподели

