Прејдете на информации за артиклот
1 од 3
    • Hahnemühle

    БЛОК / ХАРТИЈА ЗА АКВАРЕЛ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE SUGAR CANE WATERCOLOUR

    БЛОК / ХАРТИЈА ЗА АКВАРЕЛ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE SUGAR CANE WATERCOLOUR

    Шифра: :Шифра: 190587

    Формат и број на листови
    Редовна цена 140 ден.
    Редовна цена Продажна цена 140 ден.
    -Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
    Испорака и попусти пресметани при плаќање.

    Достапно веднаш

    SUGAR CANE WATERCOLOUR

    Хартија за акварел / водени техники

    Natural Line: Sugar Cane Watercolour by Hahnemühle! Од природната линија на Hahnemühle ни доаѓаат акварелни хартии и блокови од шеќерна трска во различни формати – неограничени можности за креирање.

    Оваа фантастична 290 грамска хартија е изработена од 70% влакна од брзорастечка шеќерна трска, позната и како Bagasse, нус-производ на екстракцијата на шеќерот, а останатите 30% се висококвалитетен памук. Оваа уникатна мешавина ја комбинира цврстината и силата на влакната од шеќерна трска со мекоста на памукот, креирајќи природна структура со топли тонови.

    Ладно пресуваната структура на површината не само што создава прекрасен кадифен ефект, туку и овозможува одлична работа со акварел, гваш и wet-on-wet техники. Боите добиваат брилијантен сјај и чувство на кадифе, додека природните влакна на шеќерната трска придонесуваат за висока стабилност и цврстина на хартијата и отпорност на кинење.

    The Hahnemühle Sugar Cane Watercolour хартиите можат да апсорбираат големи количини вода и бои без виткање на хартијата. Оваа хартија е извонредна за создавање градиенти на бои, ефекти на сол или водени капки, како и фини линии и акценти со фајнлајнери.

    Придружете ни се во патувањето и откривањето на одржливи материјали, на одржливата фузија на квалитетот и грижата за животната средина со природната линија на Hahnemühle. Нурнете во светот каде што уметноста цути во хармонија со екологијата.

    Спецификација:

    Ладно пресувана акварелна хартија од шеќерна трска

    - Блок 8 x 10.5 cm / 12 листа

    - Блок A5 - 15 x 21 cm / 12 листа

    - Блок А4 - 21 x 30 цм / 12 листа

    - Блок 24 x 32 cm / 12 листа

    - Табак 50 x 65 cm / 1 лист

    Грамажа: 290 gr/m2:

    Состав: 70% влакна од шеќерна трска / 30% памук

    Боја: бела

    Техники: акварел, гваш

    Без киселини

    Повеќе детали