Прејдете на информации за артиклот
1 од 2
Група автори

ГОЛЕМАТА КНИГА ЗА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ФУДБАЛ

ГОЛЕМАТА КНИГА ЗА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ФУДБАЛ

Шифра: :

Повез
Редовна цена 990 ден.
Редовна цена Продажна цена 990 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.
  • Достапно за преднарачка. Инфо за испорака по електронска пошта

ГОЛЕМАТА КНИГА ЗА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ФУДБАЛ

Наскоро во продажба!

Обезбеди си примерок - направи преднарачка.

Милијарди гледаат фудбал, милиони играат, илјадници се натпреваруваат за шанса да настапат на едно светско првенство, стотици успеваат да влезат во кругот на најдобрите, а само малкумина ќе го подигнат пехарот над своите глави.

Секое светско првенство е одраз на една ера и на технолошкиот напредок на човештвото. Од кожени до полиуретански топки со вградени микрочипови што го следат секој допир. Од пароброди на кои им биле потребни повеќе од дваесет дена за да ги превезат фудбалерите на првото светско првенство, до авиони што ги носат играчите на далечни мундијали за само неколку часа.

Речиси вековната историја на светските првенства крие многу тајни. Дали Бенито Мусолини навистина им се заканувал со смрт на италијанските играчи ако го изгубат првенството? Како бразилскиот тимски психолог ги опишал легендарните Пеле и Гаринча? Зошто Марадона не бил повикан за Светското првенство во 1978 година? Што навистина кажал Матераци за да го испровоцира Зидан да добие црвен картон во 2006 година? И зошто Меси, најдобриот играч за 2014 година, не можел да спие со месеци?

Во оваа книга се собрани повеќе од 420 фасцинантни приказни од сите 22 светски првенства, придружени со живописни илустрации. Најважните нешта што се случиле на теренот и надвор од него – настани и вести, шпекулации и сплетки, митови и легенди. Нашиот уреднички тим ги одбра највпечатливите фудбалски факти. Затоа, отвори, читај и уживај. Светските првенства го заслужуваат тоа.

Автори:

Ирина Тараненко

Андриј Столијарчук

Марта Лешак

Марија Воробјова

Ана Плотка 

Издавач: Чудна шума

Превод од англиски јазик: Диана Николовска, Иван Шопов

Категорија/жанр: Илустрирана книга

Едиција: Спорт- шума

Формат: 247х328 мм

Повез: тврд

Број на страници: 64

ИСБН: 978-608-5012-21-3

Година на издавање: 2026

Повеќе детали