ЈАРИЊАТА БРУСЕ ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ / е-Книга
ЈАРИЊАТА БРУСЕ ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ / е-Книга
Шифра: :9786084852902
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ЈАРИЊАТА БРУСЕ ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ / е-Книга
Сликовница, книга за деца, 3 - 6 години
|
Си беа еднаш три јариња кои се викаа јарињата Брусе. Но училиштето има нов директор. |
|
За авторот: Бјорн Ф. Рорвик (1964) е норвешки автор на детски книги. Дипломирал на одделот за медиуми на Универзитетскиот колеџ „Волда“ со специјализација за филм и телевизија. По дипломирањето, работел со филмски и видео компании и деца, како кинооператор и радиотехничар. Рoрвик дебитирал како автор во 1996 година, a книгата „Јарињата Брусе одат на базен“ е најпродаваната детска книга на деценијата во Норвешка за периодот од 2008 до 2017 година. За илустраторката: Гри Моурсунд (1969) е норвешкка илустраторка и авторка на книги за деца. Илустрациите на Моурсунд се маестрални и добро осмислени, богати со содржина, шарени и раскажуваат своја приказна. Моурсунд е добитничка на неколку награди за нејзините илустрации на детски книги. Во 2011, 2012 и 2013 година била номинирана за престижната меѓународна награда „Астрид Линдгрен“. За преведувачката: Јасминка Марковска е преведувачка и писателка од Скопје. Дипломирала на Катедрата за компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како и на Универзитетот „Ратгерс“ во Њу Џерси, САД. Магистрирала на Универзитетот во Осло, Норвешка. Авторка е на неколку драми, поезија и книжевни есеи. Превела повеќе прозни и поетски дела на и од англиски, норвешки и македонски јазик. Во моментов живее во Норвешка. |
|
Автор: Бјорн Ф. Рорвик Издавач: Арт Конект Едиција: Бајче Наслов на оригиналот: Bukkene Bruse begynner på skolen / Bjørn F. Rørvik & Gry Moursund Илустрации: Гри Моурсунд Превод: Јасминка Марковска Број на страници: 48 Формат: е-книга Година: 2024 ISBN: 978-608-4852-90-2 |

Сподели

