КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН / е-Книга
КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН / е-Книга
Шифра: :
Недостапно
Не може да се вчита можност за преземање
КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН / е-Книга
Книги за деца, сликовници, 7+ години, е-книга
|
Во топлата приказна „Каде се крие Ведран“ авторката Ива Безиновиќ-Хејдон ја отвора темата за која е напати тешко да се разговара, а тоа е загубата на некоја блиска личност и продолжувањето на животот по соочувањето со таквиот настан. Приказната им е наменета на децата и е напишана на јазик разбирлив за нив, а носи топла поука за начинот на кој можеме за навек да ги задржиме саканите личности во нашите срца. Каде се крие Ведран? И кога се чини дека никаде го нема, тој е насекаде и во сѐ околу нас. Не мора да го видиме, може да го сетиме. Можеби е во дождот, можеби е во музиката, можеби плови по морето со наши блиски луѓе кои веќе не се тука, но нив за навек ги носиме во себе. |
|
За авторката: Ива Безиновиќ-Хејдон (Риека, 1981) дипломирала хрватски јазик и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Живеела во САД, Унгарија и Германија, а моментно со сопругот и нејзините три деца живее во Загреб. Работела како преведувачка, учителка, лекторка, а најмногу време посветила на својата школа по хрватски јазик за странци. Нејзините кратки приказни и песни на хрватски и на англиски јазик можат да се најдат во антологии на кратки раскази и на интернет-портали. Досега има објавено четири сликовници. Повеќе нејзини приказни биле финалисти во различни книжевни натпревари, а освоила и неколку награди. За илустраторката: Хана Тинтор е илустраторка и аниматорка од Загреб. Дипломирала на студиите по дизајн – насока за визуелни комуникации, а потоа и магистрирала илустрација на Школата за уметности во Кембриџ, Велика Британија. Нејзината работа опфаќа илустрации за списанија, мурали, музички спотови, авторски филмови, стрипови и, секако, сликовници. Во 2023 година ја добива наградата „Григор Витез“ за сликовницата „Каде се крие Ведран?“ (Ива Безиновиќ- Хејдон). Освен во цртањето, Хана ужива во пливањето, слушањето аудиокниги и во дружењето со својата териерка Лола. За преведувачката: Калиопа Петрушевска е родена во Скопје, во 1949 година. Дипломирала на студиите по романска филологија (француски и италијански јазик) на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски испити од книжевно-историската насока полагала на Филолошкиот факултет во Белград. Од 1973 до денес активно се занимава со превод на прозни и на драмски текстови – некои играни на театарските штици во Македонија, некои објавени од македонски издавачки куќи – најчесто од француски јазик. Мајка е на две возрасни ќерки и помајка на три кучиња од женски род. Ужива во секој преведувачки предизвик, особено кога станува збор за дијалози и игри на зборови. |
Возраст: 7+ години
|

Сподели

